НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ОДБЕЛЕЖА 40 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ ОД ДИПЛОМИРАЊЕТО НА РУДАРСКО-ГЕОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО БЕЛГРАД

ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ОДБЕЛЕЖА 40 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ ОД ДИПЛОМИРАЊЕТО НА РУДАРСКО-ГЕОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО БЕЛГРАД

Низ средба со факултетската управа и универзитетските професори, со посета на Студентскиот град и срдечна дружба со колегите, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора инженеринг, деновиве одбележа 40 години од дипломирањето на Рударско-геолошкиот факултет во Белград. На факултетот каде на 14-ти септември 1977-та година дипломирал во рекорден рок, стекнувајќи се со звањето геолошки инженер како најмлад дипломец, по повод четиридеценискиот јубилеј, д-р Чифлиганец се сретна со управата на Рударско-геолошкиот факултет, со раководители на катедри и еминентни професори како проф. д-р Раде Јеленковиќ, проф. д-р Божо Колоња, проф. д-р Динко Кнежевиќ и други. На сите професори и колеги на Рударско-геолошкиот факултет на  белградскиот универзитет, проф. д-р Ванчо Чифлиганец им додели признание, во знак на благодарност за несебичната поддршка  за стекнатото научно знаење и покажаниот пат кон успехот, потврден со неговата плодна  четиридецениска професионална кариера. На факултетот во Белград, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја посети истата училница каде тој магистрира пред 35 години на темата „Валоризација на корисните компоненти на златото, среброто и магнетитот во рудникот Бучим“, каде пред 30 години докторира со одбрана на докторската дисертација „Металогенетските карактеристики на лежиштата на бакар во рудникот Бучим во српско-македонската металогенетска провинција“, а доби и книга за животниот пат на неговиот ментор проф. д-р Слободан Јанковиќ. Спомените од студентските денови пред четири децении, д-р Чифлиганец ги обнови со посета на Студентскиот град во Нов Белград, каде тој се сретна со управата, оддавајќи ѝ признание за годините поминати во Студентскиот дом, исполнети со посветено учење, пожртвуваност,  солидарност, помагање и хуманост, како најцврсти темели за неговите професионални и животни успеси. Посетата на Белград по повод трите значајни јубилеи во образовно-научната кариера, д-р Чифлиганец ја сподели со неговиот студентски цимер, другар и колега со кого дипломирал, Никола Атанасов, дружејќи се со белградските колеги со веселите звуци на македонскиот и српски мелос во култната Скадарлија.   img_0045 img_0012 img_0020 img_0028 img_0031 img_0047 img_0070 img_0075 img_0099    

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ