НОВОСТИ

НОВОСТИ

Рекордна продажба на 20 станови на Адора инженеринг на 5-тиот саем на недвижности, каде Маргарита и Николче Петковски од Битола добија награда-опремување на новиот дом

Рекордна продажба на 20 станови на Адора инженеринг на 5-тиот саем на недвижности, каде Маргарита и Николче Петковски од Битола добија награда-опремување на новиот дом

На 5 меѓународен  саем на недвижности во Скопје, Адора инженеринг оствари рекордна продажба од 20 елитни сигурни енергетски ефикасни станови со вкупна површина од 1.200 м². Николче и Маргарита Петковски од Битола се најсреќните купувачи кои на извлекувањето на затворањето на саемот, ја добија вредната награда-комплетно опремување на новиот дом во објектот Аеродром-Градинка, во новиот комплекс „Адора“ во општина Аеродром, во близина на меѓународната железничка и автобуска станица во Скопје, на 15 минути пеш од строгиот центар во Скопје. „На саемот на недвижности 2015 во Скопје, штандот на Адора инженеринг го посетија околу 12.000 посетители, што е значително повеќе од минатата година. Граѓаните ги препознаваат придобивките што во домувањето ги нуди потврдениот  градежен бренд Адора инженеринг, во сигурните домови, со геомеханичка и асеизмичка стабилност докажана со тест вештачки земјотрес, со европски  квалитет на градба според најновите светски стандарди и трендови, во еко домовите со енергетски пасош А-класа, кои на станарите долгорочно им штедат енергија за греење и ладење, со модерен дизајн и функционалност, современо опремени, хортикултурно оплеменети и со уредена околина. Висококвалитетното и безбедно домување што го нуди Адора инженеринг го заслужуваат граѓаните на Македонија и компанијата лидер во високоградбата и натаму ќе биде во функција на своите купувачи“. – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг, кој најави дека компанијата во 2015-та година започнува нови инвестициски проекти за изградба на неколку нови станбено-деловни објекти во општина Аеродром и со реализација на капиталниот проект ви стилот на њујоршката архиотектонска икона „Флетајрон“ што ќе се гради на влезот на општина Кисела Вода во централното подрачје на Скопје. Адора инженеринг им се заблагодарува на сите посетители на штандот на компанијата на саемот на недвижности, а особено за подарената доверба на купувачите на стан од овој градежен бренд и останува отворена за сите граѓани кои сакаат да изберат стан за квалитетно домување за повеќе генерации. MAE_0545 MAE_0550Image1 MAE_0580 MAE_0599      

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ