НОВОСТИ

НОВОСТИ

СО ДЕВЕТ ОСВОЕНИ МЕДАЛИ КИК БОКС КЛУБОТ РАБОТНИЧКИ АДОРА ТРИУМФИРА НА IV БАЛКАН БЕСТ ФАЈТЕРС КУП ВО НИШ-СРБИЈА

СО ДЕВЕТ ОСВОЕНИ МЕДАЛИ КИК БОКС КЛУБОТ РАБОТНИЧКИ АДОРА ТРИУМФИРА НА IV БАЛКАН БЕСТ ФАЈТЕРС КУП ВО НИШ-СРБИЈА

Младите кик боксери и кик боксерки своите спортски успеси ги закитија со три златни медали, четири сребрени и две бронзени медали.

На првиот голем меѓународен клубски турнир во едногодишното постоење на KBK Работнички Адора, злато освоија: Александар Ѓеорѓиевски, син на вработен во Адора инженеринг, Мартин Живковски и Мартин Андоновски. Сребрени медали освоија: Ангела Трајковска, Кристијан Настевски, Дамјан Каскаревски и Никола Николовски. Со бронза се закитија: Леон Митков и Сабри Рушити. Тренерот Димитар Ѓорѓиевски, неколкукратниот светски, европски и државен првак во кик бокс, е горд на постигнатите успеси и благодарен на долгогодишната контиуирана поддршка на Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, под чие покровителство функционира тренинг центарот во Карпош. Кик бокс клубот Работнички Адора и центарот опремен како еден од најдобрите кик бокс центри на Балканот според современите европски стандарди, се формирани со цел на младите професионалци и аматери и на рекреативците од сите генерации, да им овозможат идеални услови за занивамање со спорт, за освојување на шампионски титули, за афирмација на Македонија и за изградба на здраво општество.
По врвните успеси на турнирот во Ниш, кик боксерите од клубот Работнички Адора интензивно се подготвуваат за учество на интернационалниот турнир Кроација Опен што ќе се одржи во декември годинава, во Загреб, Хрватска.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ