НОВОСТИ

НОВОСТИ

СО 40 ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ И ПРОШИРУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ СО ИЗГРАДБА НА СОВРЕМЕН МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТАР АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ОДБЕЛЕЖУВА 14 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

СО 40 ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ И ПРОШИРУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ СО ИЗГРАДБА НА СОВРЕМЕН МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТАР АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ОДБЕЛЕЖУВА 14 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Адора инженеринг на големиот православен христијански празник Пресвета (Голема ) Богородица, одбележува 14 години од своето постоење. Градежната компанија основана на 28-ми август 2002-ра година од докажаниот стопанственик проф. д-р Ванчо Чифлиганец, почнувајќи со само двајца вработени, по 14 годишниот успешен развој, во 2016-та година достигна бројка од над 400 вработени. Компанијата, која израсна во препознатлив градежен бренд, лидер во високата градба во регионот, со интернационална афирмација, досега има изградено 40 елитни станбено деловни објекти низ Македонија, во кои се вградени 160 илјади м³ бетон и 20 илјади тони железо и имплементирани современите светски стандарди и иновации  за сигурно, квалитетно, економично и здраво домување.

 По 14 години успешно работење, со континуиран раст и развој, Адора инженеринг бизнисот го проширува со најнов проект за изградба на современ висококвалитетен медицински центар во Скопје, за што компанијата купи градежна парцела на атрактивна локација на просторот меѓу Градската општа болница 8-ми септември и Поликлиниката Букурешт. На градежното земјиште со површина од 3.773 м², купено на повисоко електронско транспарентно јавно наддавање од државата, Адора инженеринг планира да изгради современ медицински центар со ангажирање на врвни домашни и странски стручњаци од сите области на медицината, наменет за давање квалитетни здравствени услуги на пациентите од Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Албанија и регионот. Проектот за изградба на овој современ македонски медицински центар на Адора инженеринг е домашна инвестиција вредна околу 20 милиони евра, во кој ќе бидат вработени над 100 докажани стручњаци од медицината, стоматологијата, лекари, медицински сестри и комплетен персонал, економисти и други комплементарни стручњаци. Идејата на инвеститорот и предизвик за македонското здравство е со овој здравствено-рекреативен комплекс на Адора инженеринг во Скопје, да се надополни здравствениот систем во Македонија со нов современ здравствен капацитет од највисоко европски ниво, во функција на обезбедување подобра здравстевна заштита и подобра здравствена нега, од што најголем благодет ќе почувствуваат  граѓаните.

3. logo novo so web pdf vektorski

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ