НОВОСТИ

НОВОСТИ

ФИРМАТА ТРИКОМ МК И ОСНОВАЧОТ ЈАНА АНЕВСКА Е НАЈСРЕЌНИОТ КУПУВАЧ-ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „ПАТУВАЊЕ НА КУБА СО АДОРА“

ФИРМАТА ТРИКОМ МК И ОСНОВАЧОТ ЈАНА АНЕВСКА Е НАЈСРЕЌНИОТ КУПУВАЧ-ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „ПАТУВАЊЕ НА КУБА СО АДОРА“

Фирмата ТРИКОМ МК ДООЕЛ Скопје, застапувана од основачот и управител Јана Аневска, купувач на стан во објектот Адора Diamond Garden во Карпош, Скопје е добитник на наградното патување за двајца на Куба, за што извлекувањето беше денес во просториите на Адора инженеринг. Семејството Аневски, односно нивната фирма ТРИКОМ МК, ја имаше среќата да биде  извлечено од сите купувачи на стан и деловен простор во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden во периодот на наградната игра „Адора Ве носи на егзотичен одмор на Куба“, од 14-ти јули до 30-ти септември годинава, од страна на менаџерот за недвижности Катерина Коршул, во присуство на комисија од вработените во Адора инженеринг и нотар. Аневски, видно изненадени, при соопшувањето и честитките за добиеното наградно патување на Куба изјавија дека се многу среќни со оваа атрактивна награда што им ја донесе станот купен од Адора инженеринг, како резултат на нивната голема доверба во овој градежен бренд“. „Незаборавниот одмор и спомените од Куба нека им донесе многу здравје, радост, среќа, бериќет и пријатни мигови во новиот дом на Аневски“.- посака менаџерот за продажба Коршул со надеж дека во иднина и многу други купувачи ќе ја почувствуваат среќата со наградите на Адора. Наградата заедно со ваучерот за патувањето на Куба за двајца, што ќе се реализира од 1-ви до 13-ти ноември со организиран аранжман од Скопје на туристичката агенција Атлантис, на Јана Аневска ќе ѝ биде врачена идната недела. Со наградата „Егзотичен одмор на најубавиот карипски остров Куба“,  Адора инженеринг сака на купувачите да им возврати за нивната доверба во овој градежен бренд, при носењето одлука за нов дом, како една од најважните инвестиции во животот. Адора инженеринг која годинава одбележува 15 годишен јубилеј од постоењето, традиционално има изненадувања, подароци и награди за купувачите, кои со далечните и романтични патувања, платеното образование, опремување на станот, автомобилите и други награди, од оваа компанија секогаш добиваат многу повеќе од ДОМ.   dsc_2801   dsc_2832   dsc_2825  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ