Адора инженеринг на сите граѓани, претставници на државната и локалната власт, асоцијации и организации им го честита националниот празник 11 Октомври, денот на народното востание и антифашистичката борба за слобода на македонскиот народ. Да им оддадеме почит на сите храбри борци кои го положија својот живот за ние да ги уживаме благодетите на слободна, самостојна, независна и демократска Македонија. Сплотени сите заедно, со посветена работа и верба во доброто, чесното, напредното и просперитетното, да ја направиме нашата татковина уште поубаво место за подобар и посречен живот на сегашните и идните генерации.