НОВОСТИ

НОВОСТИ

1 СЕПТЕМВРИ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ПОДАРОЦИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ

1 СЕПТЕМВРИ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ПОДАРОЦИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Децата на вработените во Адора Инженеринг кои денес го имаа првиот ден во училишните клупи, на симболична свеченост, од менаџментот на Адора Инженеринг добија пригодни подароци и искрени желби за среќен почеток на учебната година и успешно школување. 

Првачињата со подароците и менаџментот на Адора Инженеринг ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец и изв. дир. д-р Драгана Д. Чифлиганец  

Подарувајќи им училишен прибор, таблети, ранци и традиционални сметала, генералниот директор на компанијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец во пријатен амбиент потенцира дека младите поколенија на вработените се иднината на Адора Инженеринг, како и на Македонија. „Јас и моите соученици го започнавме школувањето со дрвените сметала, бевме успешни во училиштето, како и во работата, а сега стигнавме до најновите генерации компјутери. Им посакувам на децата на вработените во Адора Инженеринг да бидат успешни во учењето и работењето, најмалку како нивните родители кои се потврдени како успешни стручњаци во компанијата која е меѓу најуспешните во Македонија и еден ден да станат дел од нашиот тим“- им порача на децата и нивните родители ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој им го разубави првиот школски ден на двете Андреи, на Петар, Павел, Дарија, Михаела, Максимилијан и Мила. 

Децата на вработените во Адора Инженеринг со училишни подароци на 1 септември 

Малите првачиња во Адора Инженеринг посакаа кога ќе бидат големи да станат директори, ветеринари, балерини и принцези, се фотографираа за спомен со менаџментот на компанијата и со двојниот светски првак во кик бокс до 75 кг  Димитар Ѓеорѓиев, кој за подготовките за настапот на претстојното европско првенство во кик бокс во Шпанија од компанијата е поддржан со спонзорство од 2000 евра. 

Првачињата, со светскиот првак во кик бокс Димитар Ѓеорѓиев и менаџментот на Адора Инженеринг-голем поддржувач на споротот и спортистите

Традиционалните одбележувања на важни настани, датуми и поводи за вработените и нивните деца се традиција во Адора Инженеринг во рамките на општествено одговорните практики и грижата за вработените како нејзино најголемо богатство, со што компанијата им возвраќа за нивниот придонес за растот и развојот на Адора Инженеринг. 

Традиционални прослави за вработените во Адора Инженеринг и нивните потомци 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ