За три дена, Адора Инженеринг ја постави десеттата плоча на станбено-деловниот објект „Аеродром Парк 2“, трета зграда од станбениот комплекс „Адора“ во општината Аеродром. Градежната оператива на компанијата, интензивно работеше за време на викендот, а со истото динамично и брзо темпо продолжуваат да градат и натаму, со цел побрзо поставување на последната плоча од зградата.
Во десеттата плоча поставена над 6-ти кат, вградени се 20 тони железна арматура и 170м3 висококвалитетен бетон со цврстина на бетон МБ 35. Вредно, брзо, истрајно и посветено, на плочата работеа стотина градежни работници, армирачи, ѕидаротеслари и други неимари.
Новиот објект проектиран на девет ката, се гради на просторот на поранешните воени бараки и на своите купувачи ќе им понуди висококвалитетени, елитни станови со површина од 42 до 80 м2, луксузни деловни простории со површина од 42 до 101м2, како и 85 модерни паркиралишта на три нивоа.
Адора Инженеринг продолжува да се грижи за сигурно и економично домување на своите купувачи, кои ќе живеат во енергетски ефикасен стан од високата А класа, со асеизмичка и геомеханичка стабилност, изграден по европски стандарди.