220

Адора Инженеринг-Скопје со ребрендирање на логото, прослави 11 години успешна работа

„Адора Инженеринг“- Скопје  на 26.12.2013  во хотел Александар Палас ја заокружи 2013 година со коктел прослава на која присуствуваа и обраќање кон гостите имаа Поглаварот на Македонската Православна Црква

г.г. Стефан, Директорот на Централниот Регистар на Р. Македонија Ванчо Костадиновски, во присуство на Градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, претставници на сите  значајни  државни институции, локални самоуправи, вработените и околу 500 истакнати гости, деловни партнери, директори на  најголеми деловни банки, здруженија, асоцијации, купувачи, пријатели на компанијата, како и личности од политиката и медиумите.

На прославата беше промовирана публикација: Адора Инженеринг, ГРАДЕЖЕН ЛИДЕР ВО МАКЕДОНИЈА-ВИСОКОГРАДБА, за 10 години- 12-та најуспешна корпоративно општествено одговорна компанија и ново лого со уникатен дизајн, симбол на еко домовите кои ги гради Адора Инженеринг.

Генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец

Генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец во поздравното обраќање, ја истакна  подобрената бизнис климата во Македонија како  предуслов за големите инвестиции и развој на компанијата. Истакна дека   Адора Инженеринг е добар пример на глобално ниво и доказ дека кога се има јасна визија, се работи професионално, се прави успешна деловна приказна. Потсети дека: во првата  деценија Адора делувала во фармацијата, во втората деценија е градежна компанија која стана лидер во високо градба на квалитетни, асеизмички, долгорочно економични станбени единици, а во третата деценија размислува за инвестирање во нови дејности и супституција на производи кои сега се увезуваат, а може да се произведуваат во Република Македонија.

Извршниот директор д-р Драгана Чифлиганец

Успешната работа претставена преку бројки на продадени станови и задоволни купувачи во Адора Инженеринг го образложи извршниот директор  д-р.  Драгана Чифлиганец велејќи:  „Нашите купувачи се најдоброто мерило дали чекориме по вистинскиот пат. Анализите на продажниот сектор покажаа дека во текот на 2013 година се јавиле 2.800 заинтересирани граѓани за купување на стан од кои  837 потенцијални купувачи ја посетиле компанијата, речиси  една третина од нив, односно 274 станови купиле,а  32% е зголемена продажбата во 2013 година, споредбено со  2012 година.“

 

Архиепископот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан беше даруван со позлатен сребреник бидејки сите  објекти се  градени со благослов на свештенството на Македонската Православна  Црква.

Архиепископот на МПЦ г.г. Стефан

 За посебен придонес за професионално растење и напредување на компанијата и најдолгогодишно работење во Адора Инженеринг,  позлатени сребреници беа  доделени на  вработените:  дипл. екк. Ѓорѓи Рибарски,  дип. инж. арх. Ванчо Ѓоргиевски, д-р. Даниела Станковска-Младенова, дипл.инж. Катерина  Коршул,  дипл. правник Анжелика Милошовска, дипл.инж. Вангел Ташовски,дипл.инж.Наташа Попова, тех. Блаже Манаилов, Александар Андоновски и Дејан Андоновски. Во  организирана наградна игра, најсреќни беа купувачите на елитни станови: Билјана Стојанова, Томе Наумовски и вработениот Трајче Јовановски. Извлекувањето со божји благослов, го изврши лично Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

Наградените вработени

Извлекување на добитниците

Менаџерскиот тим на Адора Инженеринг
Ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец со синот Душко Чифлиганец
Директорот на Централен Регистар на РМ, Ванчо Костадиновски
Вредните мајстори на Адора Инженеринг
Директор на ИЗИИС проф. дир. Михаил Гаревски
Пртседател на комората за градежништво, Г-дин Сеад Кочан

 

Архива