IMG_2248

СО БРЗА И КВАЛИТЕТНА РАБОТА СЕ ПОСТАВИ ЕДИНАЕСЕТТАТА ПЛОЧА НАД 7 КАТ, НА НОВАТА ЗГРАДА „АЕРОДРОМ ПАРК 2“ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ- СКОПЈЕ

Следејќи ја динамиката на работење, плоча за три дена, градежната оператива на Адора Инженеринг ја постави и единаесеттата плоча над 7-ми кат, на новиот елитен станбено-деловен објект „Аеродорм Парк 2“. Стотина неимари- армирачи, ѕидаротеслари, градежни работници ја армираа и бетонираа единаесеттата плоча, во која се вградени 20 тони железо и  165м3 бетон со цврстина на бетон МБ 35.

Секојдневно расте заинтересираноста за купување на енергетски ефикасен стан од А класа, со геомеханичка и асеизмичка стабилност, а избирајќи ја Адора Инженеринг, значи дека купувачот го препознал квалитетот и многугодишната макотрпна и успешна работа на овој градежен бренд, инвестирајќи во елитен станбен или деловен објект.

Адора Инженеринг како лидер во градежниот сектор, продолжува да гради, обезбедувајќи висококвалитетно, модерно и функционално домување во стан по мерка и вкус на купувачите.

Архива