На 28 aвгуст, на православниот празник „Пресвета Богородица“ и Денот на македонските рудари, пред 12 години на чело со ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец, беше основана една од највлијателните компании, која стана лидер во градежниот сектор во Македонија, Адора Инженеринг-Скопје. Денеска елитните станбено-деловни објекти на Адора Инженеринг, важат за едни од најквалитетните градби во Македонија.
Станбените објекти освен што се квалитетни, се геомеханички и асеизмички стабилни, што е докажано со „вештачки земјотрес“, тестирање кое компанијата годинава го спроведе по вторпат, во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИС. Адора Инженеринг е прва компанија која изгради станбен објект за колективно домување од високата А класа, овозможувајќи им на своите станари заштеда на енергија и пари за греење и ладење. Стручниот менаџерски тим во Адора Инженеринг континуирано ги следи светските иновации во градењето и ги имплементира во своите најнови елитни градби, гарантирајќи квалитетно, сигурно и економично домување.
Одговорноста која Адора Инженеринг ја презема за уредување и грижа кон животната средина е потврдена со осумте национални признанија за најдобри општествено одговорни практики, како и многуте реализирани општествено одговорни проекти, меѓу кои посебна гордост на компанијата се донациите на новиот православен храм Свети Јован Крстител во Општина Аеродром-Скопје и спомен обележјето „Богојавление-Водици“ во Охрид.
Во изминативе години компанијата изгради околу 1500 елитни станови во Скопје, Охрид и Струмица, а во тек е градбата на две нови елитни станбено-деловни објекти во Ново Лисиче и започнување со градба на нова зграда во Општина Аеродром, во близина на веќе завршените објекти Аеродром Црква и Аеродром Парк.