IMG_2289

ЗА РЕКОРДНИ 45 ДЕНА , АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЈА ПОСТАВИ ПОСЛЕДНАТА, ТРИНАЕСЕТТА ПЛОЧА НАД ПОТКРОВЈЕ НА ТРЕТИОТ ЕЛИТЕН ОБЈЕКТ „АЕРОДРОМ ПАРК 2“

Стручните инженери, вредните мајстори и градежници во градежната компанија Адора Инженеринг, завршија  со армирање и бетонирање на последната, тринаесетта плоча, од елитниот станбено-деловен објект „Аеродром Парк 2“ во урбната општина Аеродром во Скопје.

Лошото време и силниот дожд, не ја спречија градежната оператива вредно и неуморно да работи и во рекордно време од 45 дена да ја постави последната плоча над поткровје, во која се вградени  23 тони железна арматура и 180 м3 висококвалитетен бетон со цврстина МБ 35. 

Генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, постојано го следи градењето на зградата и гарантира за квалитетот и стабилноста на становите, во кои ќе се вдомат 75 семејства. Брзата и прецизна работа ја оправдува довербата дадена во искусната градежна оператива, на чело со главниот инженер Стефан Орачески, надзорниот инженер Вангел Ташовски и главниот раководител Блаже Манаилов.  Главна алка без кои не би добиле квалитетен 100% македонски производ се и раководителите Миле Крстев, Спасо Иванов, Менсур Шуман, Нехрудин Шуман-Злате, геодетот Миле Јованов, одговорниот инженер за електрика Ристе Ефтимов и одговорниот инженер за машинство Илија Илиев.

 Во текот на изградбата на објектот се употребуваат висококвалитетни материјали со цел да се изградат станови кои се асеизмички и геомеханички стабилни, енергетски ефикасни од високата А класа, што на купувачите им обезбедува поголема сигурност во одлуката за купување на стан изграден по европски стандарди.

Новиот објект, „Аеродром-Парк 2“, трета зграда од комплексот згради на Адора во општина Аеродром се гради на просторот на поранешните воени бараки, проектиран на девет ката, со 100 паркинг места и ќе овозможи економично и стабилно домување на идните станари.

Архива