18-ТИ СЕПТЕМВРИ Е ПРИЕМЕН ДЕН ЗА ЗАЕДНИЧКО ДРУЖЕЊЕ СО ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КУПУВАЧИ ВО 21st CENTURY ZLATIBOR BY ADORA

Во нашиот најнов комплекс  21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness, кој е во завршна фаза на изградба на Златибор, Србија, денес, 18-ти септември 2021, е приемен ден за заедничко дружење со заинтересираните купувачи, за кои објектот и апартманите ќе се отворени за посета и разгледување. Целта на овој event е потенцијалните купувачи во живо да можат да ги видат сите фази на изградбата, да прошетаат низ неговите завршени и недовршени делови и сами на најтранспарентен начин да се уверат во квалитетот на градбата, дизајнот и комплетното ентериерно опремување на дел од апартманите.

Домаќини на овој специјален настан се директорот на компанијата инвеститор, раководителот на градилиштето, архитектите, дизајнерите, продажните агенти-консултанти и други членови на тимот кој посветено работи на проектот. Претставниците на брендот Адора, непосредно на посетителите ќе им ги дадат сите информации во врска со комплексот 21st Century Zlatibor  во поглед на архитектурата, стабилноста и сите аспекти на квалитетот, како што е презентација на состав на ѕидот, енергетската ефикасност, звучната изолација и другите значајни, најсовремени, технолошки иновативни решенија, што не се гледаат со голо око, но на купувачите им овозможуваат низа поволности и предности, нудејќи им комфор во домувањето на највисоко ниво.

Сите кои го најавиле своето присуство на утрешнит event на нашиот објект на Златибор, кој е прилагоден и специјално обезбеден за овој настан, со заштитна опрема, во придружба на стручниот тим, во живо ќе се запознаат со тековните активности за поставување на инсталациите, изработка на подните и ѕидните подлоги и изработка на фасадата на комплексот.

Посетителите ќе имаат ексклузивна можност први да влезат и да ги видат комплетно уредените репрезентативни апартмани, со што самите ќе се уверат каков ќе биде нивниот ентериер, креиран според понудените дизајн линии, опремени од А до Ш, почнуваќи од мебел, преку постелнина, прибор за јадење, до најпрефинети декоративни елементи и најфини детали.

Тимот на Адора ќе биде на располагање на заинтересираните купувачи, со одговори на сите нивни прашања, како во врска со комплексот, така и со  поволностите околу добивањето на станбен кредит и профитабилноста на оваа инвестиција, која со мудра одлука и иноватвен концепт на управување и рентирање, им ги враќа вложените пари на купувачите.

Приемниот, отворен ден е од 16 часот, во комплексот 21st Century Zlatibor Resdence Spa Wellness, кој лоциран во самото срце на Златибор е идеален спој на луксузот, природата, комфорот, хедонизмот, врвниот квалитет на градба и најсовремените Smart решенија. Покрај разгледување, информирање и  видео презентација, за присутните ќе има и коктел со заедничко дружење.

Како што е познато, овој проект го реализира водечкиот македонски градежен бренд Adora Business Group, кој на пазарт на недвижности во пријателска Србија влезе со 20 годишно искуство во високоградбата, за што сведочат над 400 илјади m² изградена површина на станбен-деловни објекти, во кои живеат и работат повеќе од 13 илјади граѓани. Брендот е значаен дел од банкарскиот сектор во Македонија, има успешни инвестиции во други бизнис сфери во Европа и на Блискиот Исток, добитник е на 50-тина национални и меѓународни награди, а повеќе од 5 милиони евра со многу љубов има вложено во SCR активности во Македонија и Србија.

Преку својата фирма ќерка во Србија, Adora Living Solutions, брендот Адора на српскиот пазар го воведува иновативниот систем на паметно вложување во недвижности со врвен квалитет, со цел да ги подигне стандардите во високата градба на овие простори, по примерот на развиениот свет.

Архива