НОВОСТИ

НОВОСТИ

21 години Лидер & Предводник во високата градба во Македонија

21 години Лидер & Предводник во високата градба во Македонија

На 28-ми август, православниот празник Голема Богородица, во 2002 година, потврдениот успешен стопанственик, општественик и филантроп, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја основа приватната компанија Адора инженеринг. Под мотото Само делата се вистина и под заштита на Патронот Пресвета Богородица, компанијата со основна дејност изградба на станбени и нестанбени згради, прерасна во предводник кој ги помести границите на пазарот за недвижности, стана синоним за стабилни, квалитетни и иновативни домови и пример за општествена одговорност во сферата на бизнисот. Адора инженеринг 21 година е лидер во градежниот сектор – висока градба и секогаш e во врвот на најуспешните компании во Македонија, 10 години меѓу 50-те најуспешни компании, а 6 години меѓу 25-те најуспешни компании во Македонија.

Низ стратешка бизнис и географска диверзификација, последните години градежната дејност ја проширивме во регионот на Балканот. На прекрасниот Златибор го изградивме автентичниот апарт хотел 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora, наш прв, пионерски проект во Србија. Овој уникатен концепт на хотелски комплекс со инвестициски апартмани, единствен по силниот авторски израз и дизајн на екстериерот и ентериерот, нуди бескомпромисен квалитет на задоволства и за најпребирливите планински хедонисти.

Во Грција, во срцето на централното старо градско јадро на Солун, го градиме станбено-деловниот објект Thessaloniki 21, создаден за домување и бизнис со препознатливата урбана елеганција на овој мегалополис. За совршен морски одмор во еколошки чиста природа, во Грција ги изградивме туристичкиот бутик комплекс B&D Luxury Suites на Голден бич, една од најубавите плажи на зелениот остров Тасос, и комплексот со луксузни вили над плажата во питоресктното Криопиги на Халкидики.

Во текот на изминатите 21 година имаме изградено 400.000 m² површина, 40 објекти во Скопје, Охрид, Струмица, Македонија и регионот, 3.000 домови со 13.000 жители, а за изградба на подобар свет, имаме вложено над 5 милиони евра. Веруваме дека по повеќегодишните мораториуми за градење, доаѓаат посветли времиња и дека во амбиент на поволна бизнис клима, повторно ќе градиме на македонскиот пазар. На најатрактивна локација каде се вкрстуваат сите патишта во Скопје, нашата визија е да изградиме нов урбан комплекс, достоен да го краси срцето на главниот град.

Адора

Поврзани вести

МЛАДИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ НА КБК АДОРА СО 5 – ЗЛАТНИ СРЕБРЕНИ И БРОНЗЕНИ МЕДАЉИ НА SERBIA OPEN WAKO EUROPEAN CUP

Младите талентирани кик боксери од КБК Адора, минатиот викенд остварија одлични резултати на Serbia Open, WAKO European Cup ranking tournament. Од турнирот во Белград, тие

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СЛОБОДАН ИВЧЕСКИ НАШИОТ СЕНИОР МОТО КРОС ШАМПИОН СО ПОДДРШКА НА АДОРА ТРИУМФИРАШЕ НА СТАРТОТ НА СЕЗОНАТА 2023

Слободан Ивчески Цобо, државниот мото крос MX Сениор шампион, освои две први места натпреварувајќи се на првиот отворен Македонски шампионат со кој мото крос сезоната

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ЧЕСТИТКИ ОД АДОРА ЗА ВРВНОТО ПРИЗНАНИЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА „НАЈДОБРА БАНКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023“

Компанијата Адора инженеринг, како еден од значајните поединечни акционери и квалификуван акционер во Комерцијална банка АД Скопје, на сите вработени, на целиот менаџерски тим и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АНТОНИО ДАМЈАНОВСКИ НАШИОТ НАЈУСПЕШЕН МЛАД МОТО КРОС ТАЛЕНТ СО НАТАМОШНА ПОДДРШКА НА АДОРА ЈА СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА

Со трка на отворениот македонски шампионат во недела во Гевгелија, нашата Адора Атлета Антонио Дамјановски, најталентираниот, најмлад и најуспешен мото крос возач во Македонија, ја

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ