НОВОСТИ

НОВОСТИ

НОВ ГРАДИТЕЛСКИ РЕКОРД НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ-ЗА ТРИ РАБОТНИ ДЕНА ПOСТАВЕНА Е ПЕТТАТА ПЛОЧА НАД ПРВИОТ КАТ НА ОБЈЕКТОТ „АЕРОДРОМ ПАРК 2“ ВО СКОПЈЕ

НОВ ГРАДИТЕЛСКИ РЕКОРД НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ-ЗА ТРИ РАБОТНИ ДЕНА ПOСТАВЕНА Е ПЕТТАТА ПЛОЧА НАД ПРВИОТ КАТ НА ОБЈЕКТОТ „АЕРОДРОМ ПАРК 2“ ВО СКОПЈЕ

Работејќи со голем елан, за само три работни дена, стотина неимари – градежни работници, армирачи, мајстори, помошници и инженери на Адора Инженеринг, на шести ноември 2014-та, ја поставија петтата плоча на објектот Аеродром Парк 2 во Скопје. Во чест на 70 години слободен  Радовиш и големиот христијански празник Митровден, кој насекаде го празнува македонскиот православен народ и особено во источниот дел на Македонија, вработените во Адора Инженеринг од овој регион, вградија 20 тони армирано железо и мрежи  и 170 м³ бетон и подигнаа плоча над првиот кат од објектот Скопје-Аеродром-Парк 2, со површина од 664 м².

Со овој работен подвиг, градежната оператива уште еднаш потврди дека рекордите во брзото и квалитетно градење во Адора Инженеринг не се случајни, туку се одраз на големо стручно знаење и посветеност во работата, на  побрза реализација од утврдената динамика, што претставува  дополнителна сигурност за сите купувачи кои соинвестираат свои средства во изградбата на  објектот во кој ќе живеат со семејствата.

Менаџментот на Адора Инженеринг од свое и од име на купувачите, идните станари, им го честита градителскиот рекорд на  главниот инженер Стефан Орачески, надзорниот инженер Вангел Ташовски, главниот работоводител Блаже Манаилов, на работоводителите Миле  Крстев, Спасо Иванов, Менсур Шуман, Нехрудин Шуман-Злате, геодетот Миле Јованов, одговорниот инженер за електрика Ристе Ефтимов и на одговорниот инженер за машинство Илија Илиев, кои со своите менаџерски способности, со трудот на вредните мајстори во секторите, придонесоа да се постигнат нови рекордни резултати во градбата на објектот Аеродром-Парк 2.

Истовремено со градежните бетонски и армирачки работи, се врши хидроизолирање на подрумските платна со одличен квалитет, со употреба на битуменски и други современи  материјали, од страна на вработените во секторот за машинство и се затрупува со земја делот на објектот кој веќе е  изолиран. Елитниот станбено-деловен објект Аеродром Парк 2 е трет објект кој Адора Инженринг го гради со потврдена стабилност и енергетска ефикасност А-класа, во срцето на општина Аеродром, во близина на меѓународната железничка и автобуска станица, на само 15-тина минути пеш од строгиот центар на Скопје, за што има голем интерес од граѓаните. 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ