Simulacija na veshtacki zemjotres-na vrv na desetkatnica na Adora vo Skopje-Aerodrom-Novo Lisice

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ПО ПОВОД 50 ГОДИНИ ОД СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС, СО АСЕИЗМИЧКИ ПАСОШ ЗА СИГУРЕН ДОМ И МИРЕН СОН НА ГРАЃАНИТЕ

Со цел преку станбено-деловни објекти со подобра асеизмичка стабилност да се зголеми сигурноста и безбедноста на граѓаните на Скопје и Македонија, „Адора Инженеринг“ на уникатен начин се вклучи во одбележувањето на 50 годишнината од скопскиот земјотрес. Во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС, градежната компанија во јули, на станбена десеткатница на „Адора“ во Скопје, Аеродром, Ново Лисиче стабилноста на зградата научно ја потврди со „вештачки земјотрес“ со јачина од 5,5 степени по Европската макросеизмичка скала, од што објектот немаше никакви оштетувања, ниту пукнатини.

Со „вештачки земјотрес“ до „асеизмички пасош“ за објектите на Адора Инженеринг

Со вакво испитување, прво и засега единствено во самостојна Македонија иницирано од приватна градежна компанија, објеките на „Адора Инженеринг“ кои се градат по иста методологија со градежни материјали со врвен квалитет, добија „асеизмички пасош“, како гаранција за стабилноста на становите и мирен сон на станарите. „Адора Инженеринг“ тестирањето го реализира во рамките на „Скопје се сеќава“ и 50 годишнината од скопскиот земјотрес, да се спомнат жртвите и да се испрати порака никогаш да не се повтори ваква катастрофа.

Градоначалникот на Град Скопје Трајановски, ген. дир. на Адора д-р Чифлиганец и дир. на ИЗИИС, проф. Гаревски на „вештачкиот земјотрес“
Првиот „вештачки земјотрес“ на станбена десеткатница на Адора во Ново Лисиче, Аеродром, Скопје, по повод 50 години од скопскиот земјотрес

Архива