IMG_2122

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ПОСТАВЕНА ШЕСТТА ПЛОЧА, СЕ ПОБЛИСКУ ДО ОСТВАРУВАЊЕ НА НОВ ГРАДИТЕЛСКИ РЕКОРД

Стручните инженери, вредните мајстори и градежници во градежната компанија Адора Инженеринг, завршија со армирање и бетонирање на  шесттата плоча од елитниот станбено-деловен објект  „Аеродром Парк 2“ во урбната општина Аеродром во Скопје.

Во плочата поставена над втори спрат од објектот, вградени се 20 тони железна арматура и 167 м3 висококвалитетен бетон со цврстина МБ 40, по кои се препознава квалитетниот 100% македонски производ, а тоа се елитните објекти на Адора Инженеринг, синоним за квалитет,  цврстина и стабилност. Освен што се употребуваат висококвалитетни материјали во текот на изградбата на објектот, становите се  асеизмички и геомеханички стабилни, енергетски ефикасни од високата А класа, што на купувачите им обезбедува поголема сигурност во одлуката за купување на стан изграден по европски стандарди.

Брзата, прецизна и квалитетна работа е заслуга пред се на генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој работата ја има доверено на  стручната градежна оператива на компанијата на чело со главниот инженер Стефан Орачески, надзорниот инженер Вангел Ташовски и главниот раководител Блаже Манаилов. Главна алка без кои изградбата не би се одвивала во вистинската насока се и раководителите Миле Крстев, Спасо Иванов, Менсур Шуман, Нехрудин Шуман-Злате, геодетот Миле Јованов, одговорниот инженер за електрика Ристе Ефтимов и одговорниот инженер за машинство Илија Илиев.

Новиот објект „Аеродром-Парк 2“, се гради на просторот на поранешните воени бараки, проектиран на девет ката, во срцето на општина Аеродром. 

Архива