IMG_2135

ПOСТАВЕНА Е СЕДМАТА ПЛОЧА НА ЕЛИТНИОТ ОБЈЕКТ „АЕРОДРОМ-ПАРК 2“ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ОПШТИНАТА АЕРОДРОМ- СКОПЈЕ

Со армирање и бетонирање, поставена е седмата плоча на станбено-деловниот објект „Аеродром Парк 2“, што Адора Инженеринг го гради во општината Аеродром- Скопје. Со посветена, брза и квалитетна работа, стручниот тим на инженери кои  менаџираат со работата и ги организираат градежните работници и мајсторите, благодарение на поволните временски услови, работата ја завршија во предвидениот рок. Армирана и бетонирана е плочата над третиот кат на објектот, во која се вградени 20 тони железо и  163 м3 бетон со цврстина на бетон МБ 35.

На досега изградениот објект, електрионженерите во Адора Инженеринг ја поставија електричната инсталација. Работата продолжува натаму со брза динамика, што подразбира повеќечасовна работа на стотина градежни работници, ѕидаротеслари и други неимари, со цел брзо да се постави осмата плоча на објектот.

Елитниот објект „Аеродром Парк 2“ е трет станбено-деловен  објект, што Адора Инженринг го гради со потврдена стабилност и енергетска ефикасност од високата А-класа, во развиената општина Аеродром, на атрактивна локација во близина на меѓународната железничка и автобуска станица, на само 15-тина минути пеш од строгиот центар и градскиот плоштад во Скопје.

Архива