IMG_2159

ЗА ТРИ ДЕНА ПОСТАВЕНА Е ОСМАТА ПЛОЧА НАД ЧЕТВРТИОТ КАТ ОД ЕЛИТНИОТ СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ „АЕРОДРОМ ПАРК 2“ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Градежната компанија Адора Инженеринг ја постави осмата плоча над четвртиот кат, на новиот елитен станбено-деловен објект „Аеродром Парк 2“ кој интензивно се гради во станбениот комплекс „Адора“, општина Аеродром, Скопје, како нов градителски рекорд на компанијата.

Три дена од поставувањето на седмата плоча, градежната оператива на Адора Инженеринг ја армираше и бетонираше осмата плоча во која се вградени 20 тони железо и 157 м3 висококвалитетен бетон од Цементарница „УСЈЕ“, со цврстина на бетон МБ 35.

Градежниот лидер Адора Инженеринг, становите ги гради по европски стандарди, применувајќи најнови и најсовремени технологии. Купувачите добиваат енергетски ефикасен стан од А класа, потврдено со добивањето на првиот „енергетски пасош А-класа“ во Македонија, со врвна геомеханичка и асеизмичка стабилност, овозможувајќи им на станарите економично и безбедно домување.

Архива