Rang Adora 2013 1

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ-18 НАЈУСПЕШНА КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2013

Градежната компанија Адора Инженеринг – Скопје е 18-та најуспешна компанија во Македонија во 2013-та година и како градежен лидер и натаму е  најуспешна компанија во високоградбата, според најновите анализи на Централниот регистар на Р. М. Високата позиција според успехот во работењето, брзиот раст и развој и во 2013-та година, се надоврзуваат на трендот од последните четири години, кога компанијата постојано се позиционираше меѓу 25-те најуспешни фирми во Македонија, што е потврда за стабилноста, сериозноста и значењето што го има Адора Инженеринг во градежништвото, високоградбата и економијата во Македонија.

 

 „Најновиот податок за 18-то место по успех во 2013-та година, според Централниот Регистар на Р. М, што се во насока на успешниот ранг на Адора Инженеринг од 2010-та година наваму, период во кој компанијата се движи од 25-тото до 12-тото место по успешност во работењето, е најдобар и најточен показател за лидерската позиција која во градежништвото и високоградбата ја има овој единствен градежен супербренд во Македонија. Ова високо рангирање се должи на добрата бизнис клима во градежниот сектор во Македонија, на јасната визија и цел на менаџментот и стручниот тим на компанијата, кој со посветена  работа и постојано следење и примена на иновациите и најновите светски стандарди стана синоним за стабилна, висококвалитетна и економична градба во Македонија. За довербата на граѓаните во Адора Инженеринг зборува и податокот за пораст на продажбата на станови за 10 проценти на почетокот на годинава споредено со лани и повеќето од 70 продадени станови од први јануари до 18-ти март 2014-та година.“- вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг, што овој период ја довршува изградбата на два елитни А класа енергетски станбени објекти во општина Аеродром, Скопје, каде оваа градежна  компанија планира да изгради уште четири нови станбени објекти.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг

 Проектантско биро на Адора Инженеринг

Градежната оператива на Адора Инженеринг

Новоизградени елитни А класа енергетски станбени објекти на Адора Инженеринг во општина Аеродром, Скопје

Архива