Levis_za_web

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ДОНАЦИИ ЗА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ

„Адора Инженеринг“-Скопје во рамките на општествено одговорните активности за поддршка и помагање на вработените, по повод верскиот празник Курбан Бајрам додели помош на двајца свои вработени. Левис Копчалков од Радовиш, доби подарок лап топ за 12 годишниот син Месут, што компанијата го донира за подобри можности за неговото образование, проширување на општите  знаења и создавање услови за подобра иднина на Месут и неговото семејство.

 Изет Бишевац од село Коњари, скопско, соработник во „Адора Инженеринг“-Скопје, од компанијата доби парична донација за довршување на изградбата на семејната куќа. Со овие скромни донации, „Адора Инженеринг“-Скопје сака да им возрати на своите вработени за трудот и посветената работа и да им овозможи поубав и посреќен живот.

Архива