Menadzerskiot_visokostrucen_tim_na_Adora_Inzenering

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЌЕ ГРАДИ СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН КУЛТУРНО-ЗАБАВЕН КОМПЛЕКС „АДОРА ИНТЕРНАЦИОНАЛ“-СТАРСКИ ДОМ „ВТОРА МЛАДОСТ“ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО СКОПЈЕ КУПЕНО ДЕНЕС ОД ДРЖАВАТА

Градежната компанија Адора Инженеринг денес на јавна лицитација купи државно градежно земјиште за изградба на модерен старски дом „Втора младост“ во општина Илинден, Скопје, што ќе биде осмислен како спортско-рекреативен и културно-забавен комплекс „Адора Интернационал“.

Менаџерскиот тим на Адора Инженеринг: ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец, изв. дир. д-р Драгана Д. Чифлиганец, м-р Борче Чифлиганец и дипл. инж. Катерина Коршул

На електронското наддавање, на кое учествуваше менаџерскиот тим на компанијата, градежното земјиште од државата е купено по цена од 232 денари за м², наспроти  почетната цена од 61 денар за м². На атрактивното земјиште што се наоѓа наспроти хотелот Белви во општина Илинден, Скопје, Адора Инженеринг ќе инвестира во изградба на висококвалитетен комплекс, наменет за сместување и нега на стари лица, граѓани на Македонија и странски државјани, со услови за спортски и рекреативни активности, како и културно-забавни содржини.

Почетната цена и цената на купување на државното градежно земјиште од Адора Инженеринг на јавната лицитација

Менаџерскиот тим на Адора Инженеринг кој плати четири пати повисока цена за купување на државното градежно земјиште е задоволен од јавната лицитација, што на компанијата ќе ѝ овозможи реализација на 100 % македонска квалитетна градба, комплетно домашна инвестиција вредна повеќе милиони евра, со што Македонија во срцето на државата ќе добие нов комплекс „Адора Интернационал“. Со овој нов инвестициски зафат, кој е вистински предизвик за тимот на Адора Инженеринг, нејзиниот генерален менаџер проф. д-р Ванчо Чифлиганец влегува во петта развојна фаза во својата професионална кариера.  Адора Инженеринг верува дека ќе продолжи досегашната максимално принципиелна соработка со општина Илинден и државните институции за реализација на овој проект, како значајна и вредна домашна инвестиција.

Силни емоции на возбуда, загриженост и радост кај менаџерскиот тим на Адора Инженеринг за инвестицијата вредна повеќе милиони евра

Архива