На конференцијата и меѓународните деловни средби „FUTURE OF BUILDING 2019“ ( „ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР 2019“), што се одржа во Виена, Австрија, со поддршка на Адора инженеринг, учествуваше проект менаџерот, архитект Нина Стрезоска, која од овој инспиративен форум се врати со многу нови сознанија и идеи за идните проекти. Стрезоска, чија специјалност е енергетската ефикасност и современите технологии во високоградбата, особено колективното домување, на конференцијата имаше единствена можност да се запознае со новите насоки во кои се движи Европа. На форумот беа организирани посети на иновативни австриски градежни објекти, како и предавања, панел-дискусии и работилници, за најновите технологии, иновативни решенија и идни трендови во повеќе области на градежништвото: •Модерно урбанистичко планирање-Smart City-Виена •Интелегентни згради •Одржливи градби / Зелени згради •Пасивни објекти за колективно домување •Иновативни градежни материјали / Еколошки материјали со нулта емисија •Иновативни градежни методи / Роботика / Дигитализација / BIM / VR •Рециклирање на градежен шут •Концепт на социјално и достапно домување во општествените станови Адора инженеринг континуирано се грижи за следење и примена на најновите трендови за поквалитетно домување во светот, за што компанијата ја поддржува едукацијата на своите вработени, подигнувајќи ја нивната стручност преку посета на домашни и интернационални обуки, средби и манифестации. Меѓународната конференција „ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР 2019“ се одржа на 4-ти и 5-ти јуни во Виена, Австрија во организација на Стопанската комора на Македонија и Стопанската федерална комора на Австрија, преку ЕЕН-Европската мрежа на претприемачи, со учество на 60-тина австриски и 300 меѓународни компании и повеќе од 800 учесници од 60 држави.