DSC08565

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ И ШПАРКАСЕ БАНКА СО НОВА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА ЗА КУПУВАЧИТЕ НА СТАНОВИ / СУПЕР ШАНСА ЗА ЕЛИТЕН ДОМ

Субвенциониран станбен кредит со најниска камата, договорија генералниот директор на „Адора Инженеринг“, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и генералниот директор на Шпаркасе Банка проф. д-р Глигор Бишев, кои со раководните тимови имаа работна средба во „Адора Инженеринг“. Ова е  најповолна понуда досега на пазарот на станбеното кредитирање во Македонија и пошироко, што ќе се реализира со директно субвенционирање од страна на градежната компанија „Адора Инженеринг“ и Шпаркасе Банка на купувачите на становите во елитните објекти во Скопје и Охрид. Детали за износот на каматната стапка и условите на кредитирање во јавноста ќе бидат соопштени наскоро.

Најновата пакет понуда како супер шанса за нов дом е резултат на унапредувањето на деловната соработка меѓу „Адора Инженеринг“ и Шпаркасе Банка, со што тие даваат голем придонес во станбеното кредитирање на физичките и правни лица во Македонија, а со тоа и за развојот на економијата на Република Македонија. 

Генералните директори на Адора Инженеринг и Шпаркасе Банка, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и проф. д-р Глигор Бишев со соработниците
Работна средба во Адора Инженеринг со Шпаркасе Банка

Архива