vesti-02-01

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЈА ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНАТА НЕДЕЛА НА ПРОДАВАЧИТЕ НА УЛИЧНИ ВЕСНИЦИ

Продавачите на улични весници ја посетија „Адора Инженеринг“, каде вработените се вклучија во одбележувањето на меѓународната недела на продавачи на улични весници. Веселите продавачи, Ален и Армандо, згрижени во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари и Антон, од социјално загрозено семејство, беа срдечно дочекани од вработените кои купувајќи го весникот „Лице в лице“, им овозможија заработка на овие млади и вредни личности од маргинализираните групи. Со оваа општествено одговорна акција, вработените во „Адора Инженеринг“ ја поддржаа интернационалната програма со која во над 600 градови во светот, во 40 земји, 28.000 продавачи на 120 улични весници, се борат за претприемачки дух, за издигнување од сиромаштијата и за подобра иднина.

Архива