НОВОСТИ

Ген. дир, проф. д-р Ванчо Чифлиганец на затворањето на RealExpo-Скопје 2013

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НАПРАВИ ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ ВО 2012 ГОДИНА

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НАПРАВИ ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ ВО 2012 ГОДИНА

Адора Инженеринг во периодот меѓу двата саеми на недвижности, во текот на 2012 година, продаде околу 270 елитни станови во Скопје, Охрид и Струмица, комплетно заврши и предаде во употреба 300 станови во Скопје и изгради нови 300 висококвалитетни станови во општината Аеродром, Ново Лисиче-Скопје. Со вкупен годишен обрт од околу 50 милиони евра и вградени 22 илјади метри кубни бетон и 2,5 илјади тони железо во станбено-деловните објекти, Адора Инженеринг е на врвот на најуспешните градежни компании во Македонија и меѓу најуспешните излагачи на саемот на недвижности RealExpo 2013 во Скопје, за чија поддршка компанијата доби благодарница од саемот на недвижности.

 

Ген. дир, проф. д-р Ванчо Чифлиганец на затворањето на RealExpo-Скопје 2013

Ген. дир, проф. д-р Ванчо Чифлиганец на затворањето на RealExpo-Скопје 2013

 

Валентина Димитрова, опер. дир. на саемот на недвижности му додели благодарница на ген. дир. на Адора Инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец

Валентина Димитрова, опер. дир. на саемот на недвижности
му додели благодарница на ген. дир. на Адора Инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец

 

Адора Инженеринг е единствената компанија од Македонија што го доби високото меѓународно признание од Европската Бизнис Асамблеа за најуспешно претпријатие и за најуспешен менаџер во 2012 година. За 10 години постоење, компанијата се разви во лидер во високоградбата. Како брзорастечка компанија во последните пет години таа постојано се искачува на ранг листата на најуспешните претпријатија и од 165-то место во 2007-ма година, во 2011-та година се искачи на 20-тото место, а очекувањата се дека во 2012 година компанијата ќе биде рангирана меѓу 15-те најуспешни фирми во Македонија.

 

Штандот на Адора Инженеринг на саемот на недвижности во Скопје

Штандот на Адора Инженеринг на саемот на недвижности во Скопје

 

Менаџерите за продажба со купувачи на стан на саемот на недвижности во Скопје

Менаџерите за продажба со купувачи на стан на саемот на недвижности во Скопје

 

„Саемот на недвижности е голема придобивка за подобрување на бизнис климата во државата, што ги мобилизира субјектите во градежништвото и ги поттикнува инвеститорите да се докажуваат на полето на економскиот натпревар. На Саемот на недвижности RealExpo Скопје-2013, на штандот на Адора Инженеринг се склучени 10-тина договори за продажба на станови, со што купувачите кои беа наградени со специјален саемски попуст и наградно патување во Дубаи, потврдија дека квалитетниот, сигурен и современ дом ја има довербата кај граѓаните. Во време на глобална економска криза сметам дека владата треба да продолжи со мерките за поддршка на градежниот сектор со добрата бизнис клима, за што е неопходен рамноправен третман на домашните и странските инвеститори, кои не смеат да бидат привилегирани од државата“.- порача ген. дир. на Адора Инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој потенцира дека компанијата целосно го исполни тоа што го вети минатата година на саемот, за изградба на 300 нови станови во Скопје, кои се во завршна фаза, се карактеризираат со врвен квалитет по светските стандарди и имаат поволна цена, со што го одржа јавно дадениот збор пред конкурентите во градежниот сектор. 

 

Ген. дир, проф. д-р Ванчо Чифлиганец на затворањето на саемот RealExpo-2013

Ген. дир, проф. д-р Ванчо Чифлиганец на затворањето на саемот RealExpo-2013

 

Голема посетеност на штандот на Адора Инженеринг на RealExpo-2013

Голема посетеност на штандот на Адора Инженеринг на RealExpo-2013

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ