Во Дубаи

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НИ ГО ОТКРИ ЧУДЕСНИОТ СВЕТ НА ДУБАИ

„Никогаш нема да го заборавиме прекрасното патување во Дубаи. Благодарение на „Адора Инженеринг“, прв пат стапнавме на Блискиот Исток и го откривме магичниот град, кој несопирливо се развива, експанзивно се гради и е една од најпосетените туристички атракции во светот. Дубаи плени со модерниот сјај, кој е совршено споен со ориентралната традиција и култура на една од најбогатите држави на земјината топка“.- импресионирано раскажуваат Љубица и Ангел Стефановски од Скопје, кои од 24 до 29 февруари беа на петдневно наградно патување во Дубаи со „Адора Инженеринг“.

Во Дубаи

Во Дубаи

Имињата на двајцата купувачи од Скопје беа извлечени меѓу повеќе од 1000 наградни ливчиња со купувачи на станови во Скопје, Охрид и Струмица, во наградната игра што градежната компанија ја организира за 10 годишниот јубилеј, на прославата на 26 декември минатата година. „Кога ја дознав веста, не ми се веруваше. Не знаев за наградната игра, но кога ми се јави извршната директорка на „Адора Инженеринг“, Драгана Чифлиганец со големо изненадување и возбуда сватив дека прв пат во животот некој ми подари нешто. Досега сè што имаме, со сопругата Љубица сме заработиле со сопствени раце. Многу сме задоволни од „Адора Инженеринг“, која е сериозна компанија, со професионален и коректен однос кон купувачите, чии станови се многу квалитетни и сигурни, во што се уверивме со купениот стан во Ѓорче Петров во Скопје, кој ни донесе и патување, за што не извлече благородната рака на Архиепископот и поглавар на МПЦ, г.г. Стефан“.- вели Ангел Стефановски, кој е многу благодарен на генералниот директор на „Адора Инженеринг“, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и на целиот тим на компанијата, со голема доверба меѓу купувачите.

Поглаварот на МПЦ, Г. Г. Стефан го извлекува среќниот добитник

Поглаварот на МПЦ, Г. Г. Стефан го извлекува среќниот добитник

Дубаи во сеќавањата на сопружниците Стефановски, ќе остане запаметен како градежно чудо, со модерни зданија кои се градат секојдневно, со многу хотели, меѓу кои и атрактивниот „Едреник“ во водите на океанот, хотел со неверојатни 7 ѕвезди, каде ноќевањето чини 30.000 евра, по „Бурџ Халифа“, највисокиот небодер во светот со 825 метри, Златниот пазар преполн со благороден накит, по најголемиот аквариум во светот со 3.500 видови риби, по музичката фонтана на езеро со светлосни ефекти во различни бои, што танцува на музика од приказните на 1001, ноќ и француските шансони, каде ги прошета нивниот домаќин Душко Чифлиганец.

Во Дубаи пред најголемиот неборед

Во Дубаи пред најголемиот неборед

Градот-држава во Обединетите Арапски Емирати, по раскажувањата на Стефановски е екстремно чист, преполн со цвеќе и живописна вегетација, со беспрекорна хигиена и безбедност, со чесни граѓани, каде само 22.000 од жителите се староседелци, додека 3.500.000 се странци од целиот свет дојдени на работа. Дубаи живее од градежништво, туризам и трговија, има развиена инфраструктура, метро и прифатлив такси превоз, динамичен е и дење и ноќе, со муслиманско население, освен официјалниот арапски, сите одлично го зборуваат и англискиот јазик, каде можат да се видат богатите шеици во бели долами, кои луксузно живеат во оградени комплекси со посебни куќи за неколкуте жени, кои шетаат со фереџиња, но има и млади девојки и момчиња кои изгледаат како и нивите врсници во модерниот свет. Во Дубаи, за 1 американски долар добивате 3 литри нафта, таму се возат најмодерните автомобили, се продава најсовремена техника и има огромни шопинг молови, автентичната традиција на ориентот низ културата, кујната и музиката, е споена со модерниот, нов град, израснат од пустината и океанот. Љубица и Ангел Стефановски, кои од Скопје до Дубаи летаа 5 часа со Флај Дубаи, беа сместени во атрактивен хотел во централниот дел на Дубаи Марина и го доживеаа овој интересен град на дневна температура од 25 степени, велат дека повторно би се вратиле во оваа туристичка дестинација, што за нив ќе останеше неоткриена доколку не купеа стан во „Адора Инженеринг“, кој им донесе среќа и наградно патување.

Автор: Нина Кепеска
ПР во „Адора Инженеринг“

Прошетка низ Дубаи

Прошетка низ Дубаи

Прошетка низ Дубаи

Прошетка низ Дубаи

Архива