Вицепремиерот Ставрески, дир. Кавракова и ген. дир. д-р Чифлиганец на штандот на Адора Инженеринг

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НУДИ МНОГУ НАГРАДИ И ПОВОЛНИ ПОПУСТИ НА САЕМОТ НА НЕДВИЖНОСТИ REALEXPO СКОПЈЕ

Првиот ден на саемот на недвижности RealExpo 2013, репрезентативниот штанд на Адора Инженеринг го посетија 1500 посетители. Од нив, 150 покажаа изразен интерес за купување на стан, за што детални информации добија од менаџерите за продажба во компанијата.

По отворањето на саемот, штандот на Адора Инженеринг прв го посети заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии м-р Зоран Ставрески со делегација, во која беше и директорката на Државниот градежен инспекторат Марина Наќева-Кавракова. Вицепремиерот Ставрески го потенцира големиот придонес што Адора Инженеринг со изградбата на квалитетните станови го дава во развојот на градежништвото, како генератор на македонската економија и порача дека Владата на Република Македонија и натаму ќе продолжи со поволна бизнис клима да го поддржува градежниот сектор.

Вицепремиерот Ставрески, дир. Кавракова и ген. дир. д-р Чифлиганец на штандот на Адора Инженеринг

Вицепремиерот Ставрески, дир. Кавракова и ген. дир. д-р Чифлиганец на штандот на Адора Инженеринг

 

Во првите два дена на Саемот на недвижности RealExpo забележан е огромен интерес од страна на граѓаните, кои масовно го посетуваат штандот на Адора Инженеринг, со повеќе од илјада посетители дневно, а досега се склучени и неколку договори за продажба на станови. Меѓу заинтересираните купувачи има граѓани од сите категории и возрасти, со посебен акцент на младите брачни парови, кои доаѓаат со нивните родители и деца и сакаат на поволен начин да си обезбедат квалитетен енергетски ефикасен дом. 

 

Голем интерес на штандот на Адора Инженеринг на саемот на недвижности-Скопје

Голем интерес на штандот на Адора Инженеринг на саемот на недвижности-Скопје

За сите купувачи на квалитетните станови во елитните објекти во Скопје, Охрид и Струмица, на сите купувачи на Саемот на недвижности во Скопје, до 9 март, Адора Инженеринг им обезбедува специјален попуст, наградно патување во Дубаи, други поволности и многу пригодни награди.

Многу награди и поволни попусти за купувачите на стан во Адора Инженеринг

Многу награди и поволни попусти за купувачите на стан во Адора Инженеринг

Архива