НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ И ПУБЛИКАЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО СЕКТОРОТ ДОМУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ И ПУБЛИКАЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО СЕКТОРОТ ДОМУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

Проектот „Енергетска ефикасност во секторот домување“ и промоција на публикацијата „Зелени работни места, случајот на Република Македонија“ со презентација на клучните наоди од студијата, потенцијалот на зелената енергија да креира еколошка енергија и работни места, беа во фокусот на настанот кој на Скопски саем го организираа УСАИД и Хабитат Македонија. Меѓу присутните од државните институции, општините, образовни институции, релевантни стручњаци и експерти, компаниите и невладиниот сектор, политичари и претставници на јавниот живот, беа и д-р Драгана Чифлиганец, Нина Кепеска и Ивана Бајкова-Шаља од  Адора Инженеринг Скопје, кои од различни аспекти се вклучени во енергетската ефикасност, главен приоритет во работењето на градежната компанија, која е пионер во воведувањето и лидер во изградбата на зелените еко домови.

Претставниците на Адора Инженеринг на презентација на публикацијата и проектот за „Енергетска ефикасност во станбениот сектор во Македонија“

За енергетската ефикасност, зелените домови и генерирањето нови зелени работни места во Македонија, зборуваа Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД во Македонија, кој меѓу другото истакна дека Македонија заостанува четири пати зад развиените европски земји во поглед на енергетската ефикасност, Зоран Костов и Ристо Иванов од Хабитат ја нагласија потребата од водечка улога на владата преку создавање јасна правна рамка за креирање чиста зелена економија, зелени работни места и примена на главните светски трендови во Македонија. Авторот на студијата проф. д-р Пеце Недановски од Економскиот факултет во Скопје ја претстави студијата со препораки да се основа Фонд за енергетска ефикасност во Македонија за подобрување на состојбите во оваа сфера.

Промоција на проектот и студијата за енергетска ефикасност во Македонија

Проектот на УСАИД И Хабитат за енергетска ефикасност во секторот за домување на население со ниски приходи е тригодишна иницијатива со која се опфатени 26 згради во пет општини во Македонија, населени со семејства со ниски приходи, со цел да се зголемат капацитите за примена и да се подигне свеста за значењето на енергетската ефикасност. 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ