На Семинарот за Енергетски ефикасно(ЕЕ) греење, ладење и осветлување, кој се одржа на 28.05.2013, на која еден од спонзорите беше Адора Инженеринг, учествуваа врвни светски и европски стручњаци од оваа област. Проф. Норберт Лехнер од Обурн универзитетот во САД зборуваше за Светските практики за ЕЕ греење, ладење и осветлување. Предавачи од Австрија, Србија и Словенија го представија доприносот кој го прават за ЕЕ, секој во својот домен. Адора Инженеринг, како општествено одговорна компанија, а за бенефит на своите купци/станари, ги почитува сите спомнати постулати. -Заштеда на енергија почнувајќи од аспект на форма и боја на згради и покриви -Изолација на фасада и фасадна столарија со трослоен термопан, која ги задоволува европските норми – користење штедливи светилки на сензор во заедничките простори -Обновливите извори на енергија (сонцето) го користиме со фотоволтаичните панели за производство на струја за заедничка потришувачка. Нашите објекти се осветлени со соларни канделабри, окружени со паркови со богата вегетација која ни го прочистува и освежува воздухот