photo 3

ГОЛЕМА ПОСЕТЕНОСТ И ИНТЕРЕС ЗА КУПУВАЊЕ СТАНОВИ НА ШТАНДОТ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ REALEXPO 2014

Голема посетеност и интерес за купување на елитни станови има на штандот на Адора Инженеринг на меѓународниот 4-тиот Саем за недвижности и инвестиции што во рамките на 11-тиот Саем за градежништво се одржува во Скопје. Потврда за атрактивноста на понудата на градежниот супербренд Адора Инженеринг се и  шесте продадени станови оваа недела, кога беше отворен саемот REALEXPO 2014.

Голем интерес на штандот на Адора Инженеринг на Саем на недвижности 2014

Штандот на Адора Инженеринг, лидер во високата градба во Македонија, го посетуваат заинтересирани граѓани, сегашни и потенцијални купувачи на стан,  деловни партнери, субјекти од градежништвото, како и студенти, меѓу кои беше и  групата од Градежниот факултет во Скопје. Менаџерите за продажба и архитектите од компанијата на посетителите им даваат детални информации за понудата на готови и станови во изградба од овој градежен бренд во Скопје, во објектите Под Водно-во центарот на метрополата, во срцето на општина Аеродром-во близина на главната железничка и автобуска станица во Скопје, во комплексот „Адора“ во Ново Лисиче, Аеродром, Скопје и во атрактивниот локалитет Билјанини Извори во Охрид.

Посета на студенти од Градежен факултет на саемскиот штанд на Адора Инженеринг
  

За купувачите на стан на Саемот за недвижности 2014, Адора Инженеринг обезбеди вредна награда, можност за добивање најнов автомобил ПОЛО, за кој во игра влегуват сите купувачи на стан од компанијата во текот на ова година, по традиција купувачите на стан на саемот со Адора ќе патуваат во светската туристичка атракција Дубаи, а има и други специјални саемски поволности и интересни изненадувања и подароци за купувачите и посетителите. Штандот на Адора Инженеринг на Саемот за недвужности, на Скопски саем е отворен секој ден од 10 до 19 часот до сабота, 8-ми март, кога е затворањето на REALEXPO 2014.

Архива