НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

„Адора Инженеринг“ е доста присутна во медиумите во Македонија со прилози и текстови на актуелни теми од градежништвото и комплементарни дејности. На 26 јули, на 50 годишнината од скопскиот земјотрес, во рамките на одбележувањето „Скопје се сеќава“, на Македонската телевизија, во утринската програма „Добро утро Македонијо“, гостин е проф. д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик и ген. дир. на „Адора Инженеринг“-Скопје. Во интервјуто, што ќе се емитува во петок, во рамките на ДУМ од 7 до 9 часот, со реприза истиот ден во 18 часот, д-р Чифлиганец, за МТВ и македонската јавност зборува за неговите сеќавања на скопскиот земјотрес, како и за изградбата на елитните станбени објекти со врвна асеизмичка стабилност од градежната компанија „Адора Инженеринг“, што е и научно потврдено со „вештачкиот земјотрес“ реализиран неодамна со ИЗИИС. Екипата на МТВ особено се интересираше за потресот, од кој станбената десеткатница на Адора во Скопје, Аеродром, Ново Лисиче, помина без никакви оштетувања и со тоа доби „асеизмички пасош“, што важи и за останатите објекти кои градежната компанија ги гради по иста методологија и стандарди за квалитетно, сигурно и економично домување.

           

Д-р Чифлиганец со екипата на МТВ пред станбена десеткатница на Адора во Скопје-Аеродром-Ново Лисиче

Екипата на МТВ со проф. д-р Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг на градилиште на нов станбен комплекс во Скопје-Аеродром-Центар

 

            Ген. дир. на „Адора Инженеринг“, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, со интервју е гостин и во емисијата „Профит“ што ќе се емитува во четврток, на 25 јули на програмата на НАША ТВ, со реприза следниот викенд. Тема на емисијата е енергетската ефикасност, новите законски измени во оваа областа во Македонија  и изградбата на енергетски ефикасните домови што „Адора Инженеринг“ како пионер пред години ги воведе во Македонија и регионот. Со тоа на станарите во  елитни еко објекти на компанијата во Скопје, Охрид и Струмица, долгорочно им се овозможува заштеда на потрошувачката на енергија и пари за овие трошоци.

                       

     Екипата на НАША ТВ со ген. дир. на Адора Инженеринг, проф. д-р Чифлиганец              

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ