DSC_0378

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ПОСТАВИ ПОДГРАДА ОД ШИПОВИ ЗА ЗАШТИТА НА ГЛАВНИОТ ФЕКАЛЕН ВОД И ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ КАЈ НОВИОТ СТАНБЕН ОБЈЕКТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

Стручните тимови на Адора Инженеринг, поставија подграда од армирано-бетонски  шипови со длабочина од 11,2 м и должина од 18 м, кај градежната јама за новиот станбен објект во Скопје-Аеродром Центар, за подобра заштита на градежното земјиште. Целта е овој дел од теренот за изведување на градежните работи длабински да се обезбеди и да се заштитат подземните инсталации, за непречено и безбедно одвивање на градежните работи на просторот каде Адора Инжененеринг гради нов елитен станбен комплекс со три објекти и 300 станови, според најновите стандарди за асеизмички стабилно, висококвалитетно и економично домување.

„Ова е вистинското и најсигурно решение за заштита на дел од градежната јама во близина на колекторот“ – Стефан Орачески, главен инженер за оператива во Адора Инженеринг.

Со подграда од шипови се заштитија подземните инсталации во градежното земјиште кај станбениот објект Скопје-Аеродром Центар

 

 

                                    

 

Архива