IMG_2459

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СЕ ПРЕТСТАВИ НА САЕМОТ ЗА РАБОТА „КАРИЕРЕН ЕКСПО“ 2013 ВО СКОПЈЕ

Со голема посетеност на штандот, на кој беше претставена градежната компанија, нејзината дејност, понудата и можностите за остварување кариера, „Адора Инженеринг“ учествуваше на Саемот за работа „Кариерен експо“ 2013 што во организација на Младинскиот совет на американската амбасада за прв пат се одржа во Мала станица во Скопје. Младите посетители, студенти, тукушто дипломирани, средношколци и невработени луѓе најчесто се интересираа за тоа што го работи, изведува и нуди градежната компанија, за кадровската екипираност, за можностите за волонтирање, практична работа, вработување и професионално напредување во „Адора Инженеринг“-Скопје.

Адора Инженеринг меѓу успешните компании-учесници на „Кариерен експо“ 2013
Штандот на Адора Инженеринг на првиот Саем за работа во Скопје

Саемот за работа „Кариерен експо“ 2013 го отвори министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, а со мотивациски говори се претставија и  Антонио Милошоски, пратеник и поранешен министер за надворешни работи, Кристофер Ивон, амбасадор на Велика Британија во Скопје и Барт Путни, претставник на амбасадата на САД во Македонија. Говорниците потенцираа дека за успешна кариера пресудни се добра идеја,  јасна визија, конкретна цел, амбиција, верба во успех, упорност и иновативност.

Успешните дипломати Ивон, Путни и Милошоски на „Кариерен Експо“ 2013

Претставници на Адора Инженеринг на првиот „Кариерен Експо“ 2013
Адора Инженеринг на Саемот за работа „Кариерен Експо“ 2013 во Скопје

Учеството на првиот Саем за работа „Кариерен Експо“ 2013 во Скопје е во рамките на општествено одговорните практики на Адора Инженеринг. 

Архива