vest-15-00-1

АДОРА ВЕСТИ

Нови два елитни станбено-деловни објекти „Адора Инженеринг“ ќе започне да гради на атрактивна локација во срцето на модерната општина Аеродром, Скопје, на просторот кај старите воени бараки. Локацијата е во близина на Железничката и Автобуска станица во Скопје, булеварите Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански, кај црквата Свети Илија, близу до здравствената поликлиника Јане Сандански, Основното училиште Блаже Конески, детска градинка, трговски центри, банки и други институции. Во двата објекти, кои ќе бидат на девет ката, ќе има по 100 елитни станови со површина од 32 до 83 м2, деловни простории на приземјето и модерни паркиралишта на три нивоа, од кои две ќе бидат подземни.

 

 

Со голема пролетна акција се озеленува и хортикултурно се збогатува парк шумата во резиденцијата АДОРА во елитната населба Црниче во Скопје. Во паркот се засадени околу 600 нови дрвја, чемпреси, липи, јасен и други видови, кои со 600-те постојни дрвја прават густ зелен појас меѓу резиденцијата сопственост на „Адора Инженеринг“ и урбаната општина Кисела Вода во Скопје. Зелената природна завеса го разубавува просторот, го освежува воздухот и ги претставува еколошките бели дробови на овој дел на Скопје, што од тука, низ прекрасна панорама, се гледа како на дланка.

 

 

 

Архива