Со хортикултурно уреден простор околу објектот Аеродром- Парк, Адора Инженеринг комплетно подготвена за примопредавање на становите

Вработените во градежната компанија Адора Инженеринг, работната недела ја започнаа со голем ентузијазам и максимална посветеност во работата, со цел за навремено завршување и пуштање во употреба на новоизградениот елитен станбено-деловен објект „Аеродром-Парк“ на ул. „Методија Шаторов-Шарло“ бр. 10, Општина Аеродром, Скопје.

Ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец, на објект заедно со вработените во Адора Инженеринг

Во тек е хортикултурно уредување на просторот околу објектот Аеродром- Парк. Новоуредениот зелен парк ќе придонесе за декоративно разубавување на околината, но и за почиста и поздрава животна средина. На површина од околу 300 м2 засадени се околу 250 садници, распоредени пред самиот влез на зградата, по периферијата на објектот и пред канцеларискиот простор на Адора Инженеринг, кој се наоѓа во склоп на елитниот станбено- деловен објект Аеродром- Парк.

 

Уредување на просторот околу објектот Аеродром-Парк

Со цел на купувачите да им овозможи полесен пристап до своите нови домови, Адора Инженеринг ја донираше новоизградената улица која води до влезот на парцелата Аеродром- Парк. Улицата е поплочена со бехатон плочки со бои препознатливи за градбите на Адора Инженеринг.

 

 

Компанијата е лидер во високоградбата во Македонија и на своите купувачи им овозможува домување во 100% македонска сигурна и квалитетна еко градба. Елитниот станбен објект Аеродром-Парк е од високата А енергетска класа, што на станарите им овозможува заштеда на енергија и пари за греење и ладење. Адора Инженеринг продолжува да се грижи за сегашните и идните генерации, нудејќи им квалитет, висока асеизмичка стабилност и економичност. Примопредавањето на становите ќе биде кон крајот на август и во текот на септември годинава. 

Елитниот станбен објект Аеродром- Парк

 

Галерија

 

 

Архива