Gen. men. d-r Vanco Cifliganeec

Проф. Д-р Ванчо Чифлиганец, со академско предавање за менаџментот, лидерството и успешната градителска приказна на Адора Инженеринг

 

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора Инженеринг“-Скопје, во понеделник, на 5 август во 11 часот на Економскиот факултет во Скопје, при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, ќе одржи предавање на тема: Менаџмент и лидерство за успешен бизнис, Адора Инженеринг-Скопје ( Успешна македонска градителска приказна ). Предавањето, што се очекува да го проследат студенти, професори, деловни партнери, бизнис субјекти и гости, е во рамките на отворањето на меѓународната Летна школа 2013 „Направи разлика-стани корпоративно општествено одговорен европски лидер“, што почнува понеделник во Скопје, по што продолжува со практични работилници во Охрид. Преку стручното и практично менаџирање и лидерство со државен и приватен капитал, проф. д-р Чифлиганец, ќе го пренесе своето искуство со кое „Адора Инженеринг“ за 10 години ја издигна на првото место, како најуспешна градежна компанија и 12-та најуспешна компанија во 2012 година, според Централниот Регистар на Република Македонија. Потврда за успешниот развој на Адора Инженеринг е и меѓународното признание за најдобра компанија и најуспешен менаџер во 2012 од Европската бизнис асамблеа, изборот за Најеколошка компанија во 2013, од Град Скопје, Наградата за корпоративна филантропија за 2012 и изборот за единствен градежен супербренд за 2013/2014 година.

 

 

Архива