IMG_9794

АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ВО ОХРИД ВИКЕНДОТ СВЕТНА СО ЕКО АКЦИЈА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Во чест на 110 годишнината од Илинден и 53-тиот роденден на меѓународниот фестивал Охридско Лето, минатиот викенд со заедничка еко акција на Адора Инженеринг, Охридско Лето и Охридски комуналец, по атрактивниот концерт на ВИВА ВОКС, светна Античкиот театар во Охрид. Вредните раце на волонтерите-вработени во Адора Инженеринг, градежна компанија што го поддржува Охридско Лето и нејзините партнери, за кратко време во кесите за отпадоци, го сместија целиот смет и отпадоците што ги  оставија посетителите на сцената на Античкиот театар.

                       

Акција на Адора Инженеринг за чистење на Античкиот театар во Охрид

Еко акцијата за чистење на Античкиот театар е втора по минатогодишната, во рамките на поддршката на фестивалот Охридско Лето и општествено одговорните активности на Адора Инженеринг под мотото: „Се грижиме за животната средина, го чуваме националното богатство, ја помагаме културата“. Целта на овие практики е да се подигне јавната свест за заштита на животната средина и вредните културно-историски споменици како Античкиот театар во најголемиот и најпосетен  туристички центар во Македонија, што треба сочувани да им ги оставиме на идните генерации. 

                       

Вработените и пријателите на Адора, Охридско Лето и Охридски Комуналец во заедничка еко акија на Антички театар

Акцијата во Охрид е дел од проектите од општ интерес за заедницата и граѓаните на Адора Инженеринг, која има богата традиција на општествено  одговорна компанија, за што е добитник добитник на Наградата за корпоративна филантропија за 2012 година и на седум  национални признанија за најдобри ООП во Македонија.

                        

Чистење на Античкиот театар по концертот на ВИВА ВОКС

 

                        

            Исчистен Античкиот театар во Охрид по акцијата на Адора Инженеринг

Архива