НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА САДЕЊЕ РОЗИ ВО СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА ВО КОЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ УЧЕСТВУВА СО 200 САДНИЦИ

ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА САДЕЊЕ РОЗИ ВО СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА ВО КОЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ УЧЕСТВУВА СО 200 САДНИЦИ

Со садење садници од рози во зелените појаси во општина Аеродром, покрај булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, на првиот ден на пролетта започна  националната еколошка акција под мотото „Македонија земја на цвеќето, Македонија земја на розите“. Првите леи со рози ги засадија претставници на владата, општините, институции, невладини организации, граѓани, ученици и претставници на бизнис заедницата.

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, градоначалниците  на Град Скопје Коце Трајановски и на Аеродром Ивица Коневски и проф. д-р Соња Лепиткова, држ. сек. во мин. за животна средина засадија рози

-Акцијата е продолжение на кампањата која минатата година започна во Скопје под мотото „Скопје град на цвеќето, град на белата роза“. Експертската студија покажа дека розата е растение кое врши прочистување на животната средина, преку  извлекување на тешките метали, особено оловото и кадмиумот и другите негативни честички од воздухот и од почвата. Поаѓајќи од ова владата одлучи акцијата годинава да биде проширена на територијата на целата држава, опфаќајќи ги сите градови во Македонија. Изразувам благодарност до сите општини, јавните претпријатија, институции, невладините здруженија, училиштата со креациите на учениците и пред сè до бизнис секторот кои дадоа голем придонес учествувајќи со огромен број на садници, акцијата да успее и да има видливи резултати.- порача проф. д-р Соња Лепиткова, државен секретар во министерството за животна средина, која најави дека акцијата ќе биде традиционална и ќе резултира со декоративно убави паркови и булевари и корисна еколошка димензија, а Македонија ќе ја обои во бојата на розата.  

Проф. д-р Соња Лепиткова, држ. сек. во министерство за животна средина

Градежната компанија Адора Инженеринг во рамките на акцијата „Македонија земја на цвеќето, Македонија земја на розите“ утре ќе засади 200 садници со рози  во парк шумата „Алекандрија“ околу резиденцијалниот објект во Црниче, Скопје. Како општествено одговорна компанија, Адора Инженеринг ја поддржува оваа еколошка акција и со обезбедување на награди-велосипеди за најуспешните и најкреативни учесници.

Претставници на Адора Инженеринг засадија рози во општина Аеродром, во  акцијата „Македонија, земја на цвеќето, Македонија земја на розите“.

 

Адора Инженеринг со еко зелени појаси и садници на цвеќе околу своите станбени објекти

 

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ