Untitled

Благодарница на Адора Инженеринг –Скопје, за придонес во одбележување на 50 години од скопскиот земјотрес

Адора Инженеринг од Скопје, доби благодарница од  Градот  Скопје  за придонес во реализација на проектот „Одбележување на 50 години од скопскиот земјотрес “, кој се одвиваше годинава под слоганот Скопје се сеќава. Свеченото доделување благодарници се одржа на 27,12,2013 г. во просториите на Културно Информативниот Центар- Галерија во Скопје. Градот Скопје во координација со Универзалната сала во Скопје како носители на Проектот  годинава организираа  бројни активности  кои  имаа за цел да потсетат на немилиот настан, и на тој начин да изразат благодарност до сите хумани земји и граѓани кои помогнаа по земјотресот.

Адора инженеринг од Скопје  доби благодарница бидејќи: финансиски ја поддржа меѓународната конференција по земјотресно инженерство во Охрид на која  присуствуваа повеќе од илјада научници, инженери, експерти по сеизмологија од Европа, но и голем број прекуокеански држави, а  го поддржа проектот и со примена на  техниката на потрес со принудни вибрации што за прв пат се изведе во Македонија на  станбен објект.

Имено, Адора инженеринг  од Скопје, заедно со Институтот за Земјотресно Инженерство Скопје (ИЗИИС), на 10 јули 2013 година реализира тестирање на безбедноста на еден од  своите десеткатни станбени објекти во Ново Лисиче, Општина Аеродром-Скопје  со вештачки предизвикан земјотрес, со јачина од 5,5 степени по Европската макросеизмичка скала. Така  стана прв и засега единствен градежен субјект кој пред будните очи на медиумите, и јавноста, ја докажа сеизмичката стабилност на објектите кои ги гради за семејно домување.

 Според Генералниот  Директор  д-р Ванчо Чифлиганец, геомеханичката стабилност од 100 мегапаскали,на градбите  кои ги гради  Адора инженеринг, се должи на употребата на најквалитетни  градежни  материјали, вградување со најсовремени методи,  по највисоки светски стандарди. Бидејќи  мотив се: асеизмички домови, енеретски ефикасни, со европски квалитет, Адора инженеринг  продолжува и понатаму да гради безбедно,и да ги поддржува сите проекти на општествената  заедница спроведени во таа насока.

Архива