DSC_0008

БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ НА ОСВЕТУВАЊЕТО И УЧЕСНИЦИ ВО ИЗГРАДБАТА НА ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ-ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

Ктиторот на црквата Свети Јован Крстител проф. д-р Ванчо Чифлиганец и вработените во градежната компанија Адора Инженеринг, инвеститор на овој нов православен храм во Општина Аеродром-Скопје, им се заблагодаруваат на сите верници и граѓани кои саботата, на 14-ти јуни присуствуваа на свеченото осветување и отворање на црквата, што го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со архиереите и свештениците на МПЦ. Присутните гости на свеченоста, меѓу кои беше и градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, пратеници во собранието на Република Македонија, претставници на државните институции, локалните власти, јавни личности од науката, уметноста, културата и спортот и големиот број граѓани со своето присуство ја зголемија свеченоста со која православниот храм Свети Јован Крстител започна да живее според традициите и обичаите на МПЦ со големиот број верници кои секојдневно го посетуваат. Ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец кој овој православен храм го подари на Општина Аеродром, Скопје, Македонија и на македонскиот народ, посака тој да биде вековит со многу крштевки и венчавки за сите македонци каде и да се во светот.

Архива