НОВОСТИ

НОВОСТИ

Честита НОВАТА 2015 година и голем христијански празник – Божиќ!

Честита НОВАТА 2015 година и голем христијански празник – Божиќ!

Вработени, Купувачи на недвижности, Деловни партнери, Пријатели, на Адора инженеринг, благочестиви  Македонци, Државни функционери, Верски служители, Христијани, Роднини, Познаници… во мое лично име и во име на Адора инженеринг дооел-Скопје, Ви посакувам многу здравје, среќа, бериќет во НОВАТА 2015 година. Нека Ви се оствари секоја желба која ќе си ја посакате лично, семејно и деловно во миговите кога во кругот на семејството ќе ги празнувате, новото лето господово 2015тто, божикната љубов, мир и радост  од Христовото раѓање – Божиќ.

Искрено посакувам во сите нас да царува неизмерна љубов, духовен мир и поттик, да бидеме поуспешни, пополезни, покорисни од досега. Да бидеме подготвени да се подобриме, да ги отстраними своите и колективните слабости, да се натпреваруваме со самите себе, но и  да се надминеме себеси. Така лично и колективно ќе напредуваме и ќе допринесеме Македонија да е попросперитетна.

Нека е 2015тта, година на: толеранција, трпение, меѓусебно почитување и разбирање. Во Светата божиќна ноќ да упатиме молитва за себе, за ближните, за мир, за развој и напредок, наша и на поколенијата сегашни и идни  во библиска  Република Македонија.

Искрено се надевам дека јас лично и тимот на Адора инженеринг, како и досега така и во иднина, се што ќе замисливме, ќе оствариме, ќе  продолжиме да работиме на исполнување на нашите заеднички цели за подобра иднина на сите станари во  недвижности кои ние ги градиме, но и за сите граѓани, и економија  на Република Македонија.  

Му благодарам на бога, и на Владините мерки што имавме позитивна бизнис клима за работа и растеж на бизнисот и себе докажување. Можев јас, во 2015 тта Можеш и ти!

              Бидете благословени!               Од срце и душа, Проф.д-р Ванчо Чифлиганец

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ