DSCN3158

ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО НОВО ЛИСИЧЕ-АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА И НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ОСВЕТЕНА

Црковниот храм Свети Јован Крстител, што се гради во паркот со авион во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје, донација на Адора Инженеринг, под ктиторство на проф. д-р Ванчо Чифлиганец е во завршна фаза на изградба и се планира да биде осветен на 14 јуни 2014 година.

Црква Св. Јован Крстител-Ново Лисиче-Општина Аеродром-Скопје

Во моментов се довршува ентериерот на црквата, се доработува фрескоживописот и иконописот, се финализираат деталите, се работи на партерно и хортикултурно уредување на надворешниот простор и илуминација на сакралниот објект. Храмот е петкуполна црква изградена во духот, според  традициите и каноните на Македонската православна црква, висока 16 метри, со камбанарија висока 18,5 метри, фонтана со мозаик и парк за одмор на посетителите. Црквата се гради две години и е резултат на посветена секојдневна работа на еминентни архитекти, инженери, фрескоживописци, иконописци и стотина вредни градители-неимари од Македонија.

Интензивни завршни работи на црковниот храм Св.Јован Крстител и околината

Храмот Свети Јован Крстител во Ново Лисиче, Скопје, до мостот Близнак на десниот кеј на реката Вардар е донација на  Адора Инженеринг и ктиторот проф  д-р Ванчо Чифлиганец со семејството за општина Аеродром, каде градежната компанија има најголеми инвестиции во изградба на четиринаесет елитни станбено-деловни објекти и модерен трговски центар. Црквата која ќе биде нов верски храм за духовните потреби, молитви и прослава на празниците на павославните граѓани од општина Аеродром, Скопје и Македонија, се планира да биде осветена од Поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 14 јуни, сабота во претпладневните часови со православните обичаи, во присуство на голем број верници и граѓани.

Поглаварот на МПЦ Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и ктиторот проф. д-р. Ванчо Чифлиганец во посета на црквата Св. Јован Крстител
Архива