ЉУПЧО ПАВЛОВСКИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ТЕЛЕВИЗОР, ШТО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЈА ДОДЕЛИ НА ВТОРИОТ САЕМ „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“ ВО СКОПЈЕ

Љупчо Павловски од Скопје е среќниот добитник на наградата телевизор, што ја додели Адора инженеринг на вториот саем „Купи куќа, купи стан“ изминатиот викенд во трговскиот центар Рамстор во Скопје. Наградата што ги усреќи и им ги разубави новогодишни денови на членовите на семејството Павловски, тие ја добија на среќната табла за време на празничната викенд забава „Купи куќа, добиј стан“, кога компаниите и министерството за финансии ги наградуваа граѓаните со проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Фискална во рака, награди без мака“. Адора инженеринг која го поддржува проектот „Купи куќа, купи стан“ од почетокот и преку него досега има продадено 50-тина еко станови, со свој штанд се претстави на двата саеми „Купи куќа, купи стан“ што се одржаа во Скопје.

Љупчо Павловски со семејството, среќни добитници на наградата телевизор од Адора инженеринг на вториот саем „Купи куќа, купи стан“ на викенд забавата „Купи куќа, добиј стан“ во Рамстор-Скопје 

 

 

 

Архива