НОВОСТИ

НОВОСТИ

М-Р ДАНИЕЛА СТАНКОВСКА-МЛАДЕНОВА СТАНА ДОКТОР НА ЕКОНОМСКИ НАУКИ

М-Р ДАНИЕЛА СТАНКОВСКА-МЛАДЕНОВА СТАНА ДОКТОР НА ЕКОНОМСКИ НАУКИ

М-р Даниела Станковска-Младенова, раководител на комерцијалниот сектор во Адора Инженеринг Скопје е новиот доктор на науки во градежната компанија, откако успешно ја одбрани докторската дисертација на тема „Управување со минералните ресурси“ на Економскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.

Даниела Станковска-Младенова-доктор на економски науки

Според петчлената комисија, проф. д-р Бобек Шуклев, академик Таќи Фити, проф. д-р Димитар Граматиков, проф. д-р Орце Поповски и менторот проф. д-р Љубомир Дракулевски, докторскиот труд на м-р Станковска-Младеновска е одличен спој на економскиот и техничкиот аспект на управувањето со минералните ресурси, микро и макро аспектите на оваа тема, на националните и глобалните тенденции, историјатот, актуелните состојби и перспективите за човештвото. Оценувајќи ја докторската дисертација “Управување со минералните ресурси“ како темелно истражување со одличен методолошки пристап, поткрепен со емпириски показатели, графикони и други опсежни анализи, ставот на комисијата е дека овој докторски труд одлично ја поврзува теоријата и практиката, поради што тој дава голем придонес за менаџментот и економската наука, но и за геолошко-рударските науки, а истовремено тој е од голема корист за сите субјекти и институции кои се занимаваат со минералните ресурси во Македонија и регионот.

Докторантката Даниела Станковска-Младенова и комисијата за одбрана на докторската дисертација „Управување со минералните ресурси“

М-р Даниела Станковска-Младеновска, која на докторската дисертација работеше пет години, потенцира дека за изработка на трудот и помогнало повеќегодишното искуство и работа во сферата на геолошко-рударската област, економијата и  трговијата, водена од желбата да даде свој придонес за подобро искористување и управување со минералните ресурси и нивна валоризација во Македонија и светот.

Д-р Даниела Станковска-Младенова со колегите од Адора Инженеринг Скопје

Според ген. дир. на Адора Инженеринг Скопје, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, стекнувањето со докторската титула на Даниела Станковска-Младенова, која е трет доктор на науки во оваа компанијата, со магистри и магистранти во повеќе области, го подигнува нивото на едукација, стручност и професионалност на тимот на вработените, што е темел на успешниот развоен тренд на компанијата, која е градежен лидер по успехот во гардежниот сектор и 11-та најуспешна компанија во Македонија.

Прогласување на Даниела Станковска-Младенова за доктор на економски науки
Тимот на Адора Инженеринг со проф. д-р Бобек Шуклев-претседател на комисијата

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ