DSCN0857

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОНИРАШЕ ОПРЕМА ЗА УЧИЛНИЦИ ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО РАДОВИШ

„Адора Инженеринг“-Скопје донираше детски масички и столчиња во детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш. Градежната компанија покажа слух за потребите на најмладите жители на Радовиш и на иницијатива на раководството на градинката, одлучи да помогне за опремување на дел од училниците, со соодветна опрема, со цел се создадат подобри услови за реализација на воспитно-образовниот процес за децата.

„Со оглед на нашето потекло и нераскинливите врски со Радовиш, задоволство ми е што како компанија продолжуваме да ја помагаме локалната заедница и во овој град, како и во други општини во Македонија. По минатогодишната донација на музички системи и новогодишни пакетчиња во детската градинка „Ацо Караманов“, сега со  донацијата на училишна опрема, на радост на децата и на нас возрасните, сакавме да дадеме скромен, но значаен придонес за создавање услови за подобра едукација, поубав живот и попросперитетна иднина на најмладите генерации во Радовиш.“-порача д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на „Адора Инженеринг“-Скопје.

Д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на Адора Инженеринг ја предаде донацијата

Донацијата на училишна опрема во детската градинка во Радовиш е дел од општествено одговорните активности во Адора Инженеринг, којашто како општествено одговорна компанија има традиција на помагање за доброто на граѓаните и пошироката заедница, за подобар и посреќен живот на сите.

Вложувања на Адора Инженеринг за доброто на граѓаните и заедница

Архива