Adora stanben kompleks Novo Lisice-Aerodrom-Skopje

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ИМА ПЛАТЕНО НАЈСКАПИ ГРАДЕЖНИ ЛОКАЦИИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

„Адора Инженеринг“ ја информира јавноста дека локациите со државно  градежно земјиште купени на јавна лицитација во Реонски Центар и Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје,ги има платено по убедливо највисоки цени, од 304 до 411 евра за метар квадратен неизградено градежно земјиште, со што компанијата дава придонес во државниот буџет. „Адора Инженеринг“ појаснува дека во формирањето на продажната цена на стан во објектите во Реонски Центар Аеродром и Ново Лисиче, само земјиштето учествува со износ до 274 евра по метар квадратен станбен простор. На вредноста на земјиштето, на нето станбена површина, се додава надоместокот за уредување на градежното земјиште ( давачките за комуналии ), од 108 евра, со што се добива износ до 382 евра за метар квадратен, што ја претставува основната цена на станбениот простор на локациите во Ново Лисиче и Реонски Центар, општина Аеродром, пред почеток на градба и продажба на становите. До завршувањето на градбата, на дооформувањето на вистинската цена за продажба на метар квадратен станбен простор, влијаат повеќе фактори : асеизмичката сигурност, геомеханичката стабилност, енергетската ефикасност, квалитетот на градба со примена на најновите европски стандарди, според кои „Адора Инженеринг“ ги гради своите станбено-деловни објекти.

Вклопувајќи се во поволниот бизнис амбинет што Владата на Република Македонија го создава во градежниот сектор, „Адора Инженеринг“ е подготвена за рамноправен натпревар во градежната дејност и има респект кон останатите субјекти во градежниот бизнис, како што е и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во државна сопственост, како  институција со голема традиција. Главен приритет на „Адора Инженеринг“ и натаму е изградбата на висококвалитетни, стабилни, енергетски ефикасни и економични  станови, според европски квалитет и најнови стандарди-современи елитни домови, какви што заслужуваат граѓаните на Република Македонија.

Елитна станбена населба „Адора“ во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје
Архива