Драгана Чифлиганец, извршен директор на „Адора Инженеринг“ ја доби наградата менаџер на годината на манифестацијата „Избор на 10 нејуспешни жени менаџери во 2012 година“ во хотелот Континентал во Скопје, на која присуствуваа првата дама, Маја Иванова, сопруга на претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Чифлиганец е една од најмладите и најуспешни жени-менаџери во Македонија, која се искачи на највисоките скалила во градежниот бизнис, водејќи ја „Адора Инженеринг“, која во 2012 година е меѓу 15-те најуспешни компании во државата.
Избор на Драгана Чифлиганец за најуспешна жена-менаџер во Македонија во 2012
– На големото признание „Најуспешна жена-менаџер“ во 2012 година, му претходеше повеќегодишно школување, кое сега го заокружувам со довршувањето на докторат на тема „Управување со мали и средни претпријатија“ на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, дипломирав и магистрирав во областа на маркетингот на англискиот универзитет „Шефил“ во Солун, Грција, а претходното образование го стекнав во Скопје и родниот Радовиш. Сепак, морам да признам дека најголемото искуство го стекнав со практичната работа во нашата семејна градежна компанија „Адора Инженеринг“, каде ги поминав сите скалила од извршување обични административни услуги, со мајсторите на градилиштата, во секторор маркетинг, до сегашната менаџерска позиција. Мојата формула за успех е посветена, пожртвувана и професионална работа, зад што стои координиран тим од 270 вработени, кои постојано се усовршуваат и едуцираат за следење и примена на современите меѓународни стандарди во градежништвото и квалитетното домување – вели м-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на „Адора Инженеринг“, која порачува дека во сржта на нејзините досегашни и идни успеси како и на компанијата е мотото САМО ДЕЛАТА СЕ ВИСТИНА.
М-р Драгана Чифлиганец-извршен директор на „Адора Инженеринг“
Драгана Чифлиганец меѓу ТОП 10 менаџерки во Македонија во 2012