НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПРВ СТАНБЕН КОМПЛЕКС СО СТУДИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НИСКО ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТ-ПОДГОТВЕН ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ

ПРВ СТАНБЕН КОМПЛЕКС СО СТУДИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НИСКО ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТ-ПОДГОТВЕН ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ

Адора Инженеринг повеќе години гради енергетски ефикасни објекти според европските стандарди, уште пред донесувањето на Правилникот за енергетски карактеристики на згради во Македонија. Како компанија која подготвено ги дочека законските измени, таа е првата која новите елитни станбени објекти во општина Аеродром, Скопје, ги гради со изработена Студија за топлинска заштита, според која тие се ниско енергетски од класа „Б“со потрошувачка меѓу 25 и 50 kWh/m2 топлинска енергија во текот на грејната сезона, што е повисоко ниво од новата законски пропишаната регулатива која бара класа „Ц“. Изборот на прозорци со ПВЦ профили, шесткоморни – застаклени со трислоен стаклопакет со едно четирисезонско стакло, со добрата изолација на градежните конструкции го обезбедува условот за енергетски ефикасен објект во Скопје, кој со станбениот објект на Адора во Охрид се единствени во Македонија и Бугарија кои вградуваат енергетски ефикасен систем на прозорци од познатата германска марка „Geneo“, материјали коишто се употребуваат за изработка на авионите. 

Новиот ниско енергетски станбен објект на Адора Инженеринг во Скопје-Аеродром Центар
                      

„Адора Инженеринг за новиот станбен објект во општина Аеродром, Скопје,  сите барања од Правилникот за енергетски карактеристики на згради во Македонија, во целост ги  задоволи и во многу позиции ги надмина. Геометриската форма на целата зграда е извонредно рационална, а површините на градежните конструкции низ кои се губи топлинска енергија се минимални во однос на оптималниот греан волумен на зградата. Направен е Каталог на топлински мостови за градежни детали,којшто гарантира дека и при најнеповолни климатски услови (надворешни температури и до -25°C) не постои опасност од внатрешна кондензација и појава на мувла.Кај постојните станбени згради градени пред десетина и повеќегодини, без или со недоволна топлинска изолација, потрошувачката на енергија за греење годишно се движи меѓу 180 и 240 kWh/m2. Станбено-деловниот комплекс на Адора Инженеринг во општина Аеродром, Скопје ќе има 3 до 4 пати помали годишни трошоци за греење во однос на поранешниот станбен фонд во Македонија. Адора Инженеринг е комплетно подготвена со сите параметри да биде прва градежна компанија во Македонија, која од идните овластени контролори ќе обезбеди енергетски сертификат ( енергетски пасош )  за своите станбени објекти“. – потврди д-р

Петар Николовски, дипл. инж. Архитект, автор на студијата за топлинска  заштита.

Прв елитен станбен објект со елаборат за енергетска ефикасност во Македонија

                                  

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ