НОВОСТИ

НОВОСТИ

Енергетски пасош А-класа доби станбениот објект на Г.П. 3.13 во Ново Лисиче, комплекс „Адора“, општина Аеродром, Скопје

Енергетски пасош А-класа доби станбениот објект на Г.П. 3.13 во Ново Лисиче, комплекс „Адора“, општина Аеродром, Скопје

Енергетски пасош од високата А-класа доби станбениот објект кој Адора инженеринг го изгради на Г.П. 3.13 во општина Аеродром, Скопје, во комплексот „Адора“ во Ново Лисиче. Со сертификатот за енергетските карактеристики на станбените згради, издаден од лиценцираната фирма ДЕЛТА ПРОЕКТ и официјално се потврдуваат одличните енергетски параметри на објектот, за  помала потрошувачка на енергија за греење, пониска емисија на CO₂ во воздухот  и други позитивни ефекти за станарите и животната средина.

Според индикаторите во енергетскиот пасош, објектот има потрошувачка на енергија за греење 22,89 kWh/m²a, што го класифицира во високата А енергетска класа, која ги опфаќа станбените објекти со потрошувачка на енергија под 25 kWh/m² на годишно ниво. Показател за одличните енергетски индикатори на објектот се коефициентите на топлопроводливост на фасадната обвивка, што се значително подобри од законски пропишаните. Toa се должи на добрите материјали за изолација со графитниот стиропор од 12 cm, Geneo Fipro фасадна столарија, безметални ПВЦ профили и трислојни стаклопакети со нискоемисионо стакло. Вградените сертифицирани материјали се од најново производство, според европските стандарди.

Со енергетскиот пасош за станбениот објект на Г.П. 3.13 во Ново Лисиче, втор на Адора инженеринг, првиот ваков сертификат во Македонија е издаден за објектот Аеродром-Парк во општина Аеродром, а во тек е добивањето вакви сертификати и за други објекти, компанијата ја потврдува лидерската позиција во унапредувањето на еко домовите, како светски тренд за квалитетно, економично и здраво домување.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ